Правилно слабеење наспроти брзо и со маки и гладување

Здраво, нездраво, правилно слабеење, неправилно, вакво, онакво, секакво. Насекаде се и сешто на темата слабеење и исхрана. Секој со своето уверување. Често, пука филмот од секакви информации, па на крајот сами си заклучуваме: сечиј организам различно бара, и нема универзална формула. Најдобро умерено, од се по нешто, сешто. Правилно слабеење наспроти брзо и со маки и гладување.

Да, арно ама, во пракса е поинаку.

Уверувањето, или подобро убедувањето, се темели на незнаење, гледајќи што прават другите, и пробувајќи сешто. За на крај, да се сведе приказната на: абе не јади леб, сол, шеќер, остај чоколадата, јади од 9 до 5, пред и после ништо во уста, и ќе видиш како ќе ослабиш.

Слабеење со гладување

Пишувавме дека е лесно да се ослаби со гладување. И брзо се слабее. Но, прашањето е како ? Дали е тоа здраво слабеење ? Да гладуваш, да минуваш низ маки, вртоглавици, главоболки, кризи за храна, но со инат. И да трае 2-3 недели, за да симнеш 10-15 килограми, и да речеш успеав. И да се вратиш назад, па со јо-јо ефект да си набациш и плус од стартната килажа. А притоа целата мускулна маса да ја истенчиш, поткожните масти да ги задржиш, и да си навлечеш уште поголема беља, па и болест.

Здраво наспроти нездраво. Толку многу едноставно e правилното слабеење.

Распоредот на оброци во еден ден кој овозможува урамнотежен сооднос на сите неопходни хранливи материи, протеини, витамини, минерали и билки, секој ден, е основното правило за сечиј организам, и за жени и за мажи. Само така, нашите трилиони клетки добиваат што им треба, и функционираат правилно, а со тоа и телото се регенерира правилно. Во исто време, додаваме енергија колку ни треба за денот, преку контролираната количина на храна која ја внесуваме, со минимален број на калории. Звучи едноставно, но вистински така е.

Долгорочно овој начин на исхрана овозможува подобрување на виталноста, на енергија, намалуваме ризик фактори за заболувања, се забавува процесот и се намалуваат последиците од стареењето на организмот.

Оброци, калории, распоред, количина. Еве пример.

Правилно распореди ги оброците Pravilno rasporedi gi obrocite Herbalife Хербалајф слабеење slabeeweХранливата вредност на 3 главни оброци и 2 ужинки каде 2 главни оброци ни се Формула 1 шејк, а ужинките овошје, зеленчук, јогурт, и уште еден класичен оброк, во калории вкупно изнесува само 1,200-1,500 калории, а одговара на хранлива вредност од 4,000 – 5,000 калории традиционална храна. Да, вистинска математика со која резултатите за правилно и здраво слабеење се загарантирани. А притоа нема гладување, а има слабеење на сигурен и здрав начин.

Herbalife е светски лидер во областа на добрата исхрана и на отстранувањето вишок телесна тежина и телесни масти.

Со години сте работеле на својот резултат и покачена тежина. Дајте си време за да поминете низ процесот.

Вашата тежина и навиките во исхраната се создавани со години и со децении. Затоа морате да бидете стрпливи и да си дадете на себе и на своето тело шанса. Практикувајќи ја нашата програма за исхрана, со советите и подршката од нашите тренери за правилна исхрана, овој пат, на овој начин, ќе постигнете својата цел, и ќе ја задржите во иднината. Килограмите не ги враќате, бидејќи ќе стекнете сосема нови навики, со кои ќе уживате и во храната и во чувството и во енергија. И во задоволството од себе си.

И што се случува кога ќе ослабете ? Најважно: никогаш не сте гладни.

no stress no problem herbalife slabeenje хербалајф слабеењеГи топите вишокот поткожни масни наслаги, ја градите и одржувате здравата мускулна маса, создавате правилна телесна композиција. И преминувате на програма за одржување на тежината. И тогаш сигурно ќе добиете мотивација за уште подобра форма, па голема е веројатноста да преминете на програма за зголемување на мускулна маса, за уште подобра форма на своето тело. Тоа така најчесто и се случува со нашите клиенти. Најважно: никогаш не сте гладни.

Со нашите програми за исхрана за слабеење во просек месечно се намалува по 3 кг. телесна тежина (жени: 2 – 4 кг.; мажи: 3 – 5 кг.). На пример, ако сакате да симнете 20 кг. и ако сакате потоа тие килограми да не ги вратите – програмата за слабеење треба да ја користите најмалку 5 месеци и потоа уште 5 месеци програмата за одржување на постигнатите резултати, за да може телото да ја „заборави“ старата тежина и метаболизмот и да се „навикне“ на новата тежина и на новиот режим на функционирање на метаболизмот. Но нема прецизни правила. Сепак, зависи од човек до човек, колку се придржува, колку е физички активен, итн. Погорните бројки се генерален просек кој го имаме во работа со нашите клиенти.

Многу е важно програмата да ја спроведете до крај. Ако ја прекинете пред да дојдете до целта, тогаш вашето тело, како федер кога ќе се затегне па ќе се отпушти, пак постепено ќе почне да ја враќа старата тежина. Тоа се случува секогаш кога програмите кои нашите тренери нема да ги испочитуваат и спроведат до крај. Тоа е така зашто така функционира човечкото тело и човечкиот метаболизам, и тука ништо не се може.

За менување на навиките во исхраната потребни се најмалку 90 – 120 дена.

Програмата ќе ви овозможи да ги симнете вишокот килограми и трајно да ги задржите постигнатите резултати. Ќе се чувствувате одлично, ќе имате многу енергија и нема да бидете гладни.

За почеток, одговорете си на ова прашање: дали сакате само да го симнете вишокот килограми, или сакате да ги отстраните вишокот килограми и масни наслаги и никогаш веќе да не ги вратите?

Следно, пријавете се за разговор со наш тренер за правилна исхрана за консултација и препорака. Тоа е од нас гратис. Потоа, одлуката е Ваша. А наше е да се погрижиме да го постигнете резултатот, да Ви дадеме комплетна поддршка и да ја одржиме Вашата мотивација.

[button text=”ПРИЈАВИ СЕ ЗА СТАРТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ” radius=”10″ link=”https://wellnessmk.com/tvoj-detalen-velnes-profil/”]

[ux_gallery ids=”18699″ columns=”1″]

Related posts