Прекумерната тежина е лоша навика. Или можеби повеќе игра, нагоре надолу, тесно широко …
Навредливо е да кажеш некому дека е дебел/а, па затоа нагалено си велиме „Ти си елегантно пополнет/а“. За дечињата сакаме да си кажеме „Види го буцко/буцка, убав/а тој“. Се додека не се случат проблеми со здравјето. И тогаш често дознаваме дека прекумерната тежина била причината за проблемот. А зошто да чекаме проблем ? Подобро е сега да преземеме се што е потребно од здрава навика за да си спречиме поголема тежина од што е природно за нашето тело.
Пренесуваме неколку важни влијанија на прекумерната тежина врз нашето тело.
Бели дробови
Кај луѓето со преголема тежина, поголемиот волумен на телото мора да се снабди со кислород од белите дробови, кој не може да се зголеми соодветно на зголемениот волумен на белите дробови. Дополнително, присуството на дебели перничиња (наслаги) од масти (сало) во пределот на абдоменот, прави рестрикција на дишењето. Ризикот од анестезии е исто така зголемен кај ваквите пациенти. Преголемата тежина може да биде и посебен проблем кај асматичарите.
Жолчен меур
Значајно висока наклонетост на болести кај жолчниот меур е забележана кај луѓе со поголема тежина од оние кај кои тежината е нормална. Во едно истражување, 88% од 215 пациенти кој биле оперирани од жолчен камен се забележани како предебели.
Дијабетес
Дијабетесот е почеста појава кај луѓето со поголема тежина, отколку кај оние со нормална тежина. Во една група на истражувања, 70% до 85% од дијабетичарите, имаат историја на поголема тежина од нормалната за нив. Кога човек има преголема тежина, а има дијабетес, почне да ја намалува тежината кон нормалната, постои веројатност состојбата да се подобри.
Бременост и хируршки интервенции
Преголемата тежина може да биде фактор кој ќе предизвика потешко и попролонгирано породување, што пак може да доведе до лошо позиционирање на фетусот. Ова може да го доведе во опасност и фетусот, што значи дека ќе го искомплицира целиот процес на породување. Дополнително, трудниците со преголема тежина имаат во целост попроблематична бременост. Хируршките процедури се потешки кај луѓето до преголема тежина, што се должи на поголемата маса на адипозно ткиво (масни наслаги).
Артериосклероза
Тоа е депозит на масни материјали наталожени на ѕидот на артериите. Може да резултира со продупчување (пукање) на крвниот сад или на низа од крвни садови, што може да доведе до мозочен удар или инфаркт. Истражувања покажуваат дека има значително зголемување на појавата на артериосклероза кај луѓето со преголема тежина.
Срце
Кога некој човек ќе ја зголеми својата тежина повеќе од нормалната, срцето мора да работи појако од вообичаено, за да сите ткива и органи во телото ги снабди со нутриенти. Колку е поголема телесната маса, толку е поголем напорот кој треба да го даде срцето. Истражувања покажуваат повеќе болести на срцето кај луѓето кои имаат зголемена телесна тежина.
Хернија (кила)
Одредени типови на хернија, кои вклучуваат поместување на горниот дел на стомакот во празнината на градниот кош, се повеќе застапени кај луѓе со зголемена телесна тежина, отколку кај оние со нормална тежина.
Адипозно ткиво
Адипозното ткиво (масните наслаги) е составено од ќелии кои се многу еластични и содржат променливи количини на масти кои се носат низ крвотокот. Ткивото е распоредено по целото тело – под кожата, околу виталните органи, и околу мускулите. Прекумерните масни наслаги практично се наоѓаат во сите меки ткива и органи кај луѓето со прекумерна тежина. Степенот на прекумерната тежина зависи од бројот на масни клетки и количината на маснотии кои тие ги содржат. Во насока на намалување на тежината, волуменот на масните летки се намалува, но нивниот број останува ист.
Стопи го салото, пријави се на [email protected] за да стартуваш денес!
И додека го топиш, менуваш навики за да ги намалиш шансите од повторно зголемување на тежината.