СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Разлики и во брчките: „модерни“ и „класични“

Веројатно на малкумина од вас им паднало на ум дека може да се прави разлика и помеѓу брчките, а во зависност од „причинителот“. Се разбира, тоа едновремено значи и нивни различни „третмани“ и пред сѐ превенции против нив.

Да, воопшто не е лесно да се препознае различноста. Брчки се брчки: подлабоки или поплитки, подебели или потенки, подолги или покуси, но и помалку и повеќе старски, грижни, преживеачки, искуствени…

Сепак, и стручно и лаички брчките на лицето, челото и вратот можат да се разликуваат најмногу според непосредниот причинител. На пример, компјутерот, поточно зрачењето на неговиот екран.

Дали воопшто сте помислиле дека тој е нов и наедно мошне опасен непријател на убавината? Докажано, без никаков сомнеж: гледањето во екранот на компјутерот предизвикува брчки или прерано стареење на лицето.

Стручен совет: компјутерот треба да се постави така во него да гледате рамно, со што ќе ја „спасите“ кожата на својот врат од опуштање. Имено, кај оние кои многу време минуваат пред компјутер се јавуваат знаци на прерано стареење, на кое стручњаците за естетска хирургија дури му дале и „непријатно“ име-„компјутерско лице“.

Стручњаците за botox тврдат дека кај оние што работат на компјутер побрзо им се опушта кожата на лицето, побрзо се појавува намрешкан врат, а на челото и околу очите се јавуваат длабоки брчки.

Ако минувате долго време гледајќи во екранот, често можеби и несвесно ќе кривогледате, ќе се муртите, па така набрзо и прерано ќе добиете видливи брчки.

Стручњаците за убавина имаат инвентивен совет како оваа состојба навреме да ја предупредите: покрај компјутерот ставете огледало во кое повремено ќе видите дека се муртите, па ќе престанете. Освен тоа, препорачливо е да го подигнете екранот колку може повеќе, за во него да не гледате кон долу, па така ќе го заштитите вратот од опуштање.

Се разбира, препорачливо е во редовни периоди да станувате и да се одморате од компјутерот.

Што се однесува на огледалото покрај компјутерот, добро е да биде што поголемо-за навреме да забележите и најмала брчка.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.