СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Што ги прави жените среќни?

Стручњаците психолози и психијатри, а особено големите познавачи на женското срце велат дека одговорот е мошне едноставен. Сѐ што треба е да оставите траен впечаток, и тоа врз нејзините емоции. Кога ќе успеете во тоа, сѐ би требало да тече „мазно“.

Еве „конкретизација“ за оние на кои нешто или многу не им е јасно:

Повеќето мажи мислат дека ќе ја освојат жената со скапи подароци. Меѓутоа, многу е попаметно да се нишани на нејзините емоции и љубовта. Најлесен начин тоа да го направат е да сфатат каква личност е таа и со неа да се поврзат во емотивна смисла. Исто така, тие не смеат прерано да вршат притисок да имаат секс, зашто тој на жените не им е приоритет за одржување на стабилна врска.

Постојат безброј начини како да се освои жената, а најдобрите од нив се секако следниве:

1. Жената сака да се чувствува сигурна. Тоа не значи дека ти, Господине маж, треба да станеш акционен херој или силеџија, туку да и помагаш да се избори со животните проблеми.

2. Точно е дека и жените реагираат на убавината и оти ги привлекуваат згодни мажи. Меѓутоа, многу поважно им е нивниот избраник да биде самоуверен и да зрачи со самодоверба.

3. Довербата е најважниот фактор во врските и на тоа мора да се работи упорно. Затоа, Господине маж, не се колебај да ја убедиш избраничката дека може да ти верува секогаш. Тоа ќе ти се исплати многукратно.

4. Почитувај ја и труди се тоа и таа да го согледа. Исто така, не е на одмет и да се присетиш на кавалерските манири кои ќе направат твојата мила да се почувствува како вистинска принцеза.

5. Заборави на испробаните методи во врските и обиди се да внесеш некоја новост. На пример, можете да отидете на некоја непланирана вечера или кратко патување. Ќе биде доволно и понекогаш ти наместа таа да завршиш некои, ако не и сите домашни-куќни вообичаени работи, како што се миењето садови, перењето, пеглањето, „пуштањето“ правосмукалка…

6. Изразувањето на чувствата не е резервирано исклучиво за жените. И мажите мораат да се „покажат“. Кажи ѝ дека е убава и опиши и колку ти значи. Биди сигурен дека нема да остане рамнодушна.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА