Дали знаете дека во мода оваа есен е вртење хулахоп по дома ?
Кога веќе не можеме редовно да вежбаме надвор, во природа, на кеј, на планина, пред се заради временските услови – ладничко е, можеме да настинеме и сл., мораме да си го најдеме чарето. Најмногу затоа што знаеме дека секојдневната-редовна физичка активност е дел од „мора“ навиките како што е вода, храна, па и секс 🙂
„Од сигурни-доверливи извори блиски до странските служби“ дознавме дека оваа есен во мода е ХУЛАХОП-от.
Оваа детска игра е одлична за да ги опуштите затегнатите мускули и за да го зајакнете торзото – и забавно е!