СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

За медот

За медот сите знаеме дека е мошне хранлив, мошне корисен и ја подобрува општата здравствена состојба. Знаеме и за многу производи од мед (или можеби само сме чуле за нив), а ниту сме ги пробале, ниту сме ги вкусиле.

Што сѐ содржи медот и како, во што сѐ да го користиме?

Најзастапени во медот се шеќерот-околу 76%, потоа водата-18%, а друго околу 6%. Шеќерот не е од ист вид, туку ги има три вида: овошен шеќер (фруктоза или левулоза), и тоа најмногу-околу 41%, потоа гроздов шеќер (глукоза или декстроза)-околу 34%, и обичен шеќер (трскен или сахароза)-помеѓу 1% и 2%.

Во рамките на посочените 6% “друго” се следниве составни елементи на медот: декстрини, минерали, протеини, киселини и некои неодредени материи.

Декстрините се втора група на полисахариди (во првата е скробот). Настануваат со распаѓање на скробот во шеќер, кога тој ќе се загрее на 200 до 210 степени Целзиусови. Се продаваат како густ сируп кој тешко истекува. Се распаѓаат во гроздов шеќер, а вријат со алкохолно вриење. Декстрините на медот му даваат својство на лепливост и густина.

Во однос на минералите, темните видови на мед се побогати со нив отколку посветлите.

Протеините се или со мошне сложена структура или во форма на едноставни споеви, тн. амино-киселини. Се состојат од јаглерод, водород, азот и кислород, а понекогаш содржат и сулфур. Се јавуваат и во форма на тн. колоиди.

Од киселините најприсутни се јаболковата и лимоновата киселина.

Медот ги содржи следниве витамини: витамин Ц и некои видови на Б комплексот (рибофлавин, пантотенска киселина, пиридоксин, никотинска киселина). Воопшто, присуството на витамините е мало и колебливо.

Медот содржи уште и ензими и етерични масла кои му даваат карактеристична арома.

Што се можете да подготвите со мед? Ви нудиме 4 рецепти.

Чајни меденици

Потребни се: 25 декаграми лебно брашно, 20 декаграми шеќер, 6 декаграми мед, цимет, каранфилчиња, половина лажица сода бикарбона, една белка, и 10 декаграми ореви или бадеми.

Се прави тесто што се обликува во долг и тесен валјак, па се сече на еднакви парчиња. Од секое парче се обликува кугличка, се натопува во белката и во издробените ореви или бадеми, а потоа се ставаат во намачкана тепсија во печка. Кугличките мора да бидат мали оти во печката добро се надигнуваат.

Дали сте пробале меден леб? Како се подготвува?

Во Америка пекарниците произведуваат тн. меден леб кој е мошне ценет поради добриот вкус, кафеавата боја и оти долго останува мек.

За да се направи меден леб се потребни шеќер и мед или само мед. Поголема цена има лебот само со мед. Во лебот има околу 5% мед, не сметајќи ја водата што природно ја содржи. Се меси и пече како и секој “стандарден” леб.

Знаете ли за меден путер?

Тој се добива со мешање на мед и путер. Путерот прво малку се загрева, колку да стане мек, а потоа му се додаваат 20%-30% мед и, заедно со него, добро се измешува. Кога е готова, смесата се става во фрижидер да се олади, а потоа се јаде.

Меден сладолед

За правење на ваков сладолед е важно да се знае дека е подобро кога шеќерот само делумно ќе се замени со мед (50%-70%), затоа што само со мед сладоледот потешко се смрзнува.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.