Дали знаете колку нега и треба на вашата кожа? Дали некогаш сте размислувале колку е штетна или корисна козметиката и шминката која ја употребувате веднаш штом ќе станете?
Прочитајте ги следните факти и научете што можете да направите уште денес за да имате здрава и убава кожа. Еве ги 10-те заповеди за нега на кожата. Размислете дали ги следите овие важни правила:
- Заштитете ја кожата од сонцето: Користете креми со заштитен фактор и избегнувајте изложување на директна светлина помеѓу 10 и 16 часот.
- Не пушете: Пушењето ја оштетува циркулацијата, правејќи кожата да изгледа стара и сива. Наместо тоа, снабдувајте ја кожата со крв полна со кислород. Кожата е нашиот најголем орган.
- Овозможете си доволно одмор и храна за кожата: Одмор и здрава исхрана се клучни за здрава кожа.
- Заштитете се од стрес: Стресот негативно влијае на кожата, без разлика дали е емоционален или доаѓа од средината во која живеете и работите.
- Мијте го лицето двапати на ден: Користете производи кои одговараат на вашиот тип кожа. Миењето на лицето е важно за отстранување на мртви клетки и прашина. Зачудувачки е колку жени не го мијат лицето наутро.
- Не запоставувајте одредени делови од кожата: Лакти, петици, врат и деколте треба да бидат хидрирани и заштитени од сонцето. Вашиот скалп и нозете исто така треба да бидат заштитени од сонцето.
- Помалку допирајте го лицето и повеќе мијте ги рацете: Не ја трауматизирајте ја кожата со стискање бубулици. Колку повеќе го практикувате ова, толку повеќе си давате шанси за лузни на лицето. Користете производи кои ќе ги решат ваквите проблеми.
- Чувајте ја шминката чиста: Редовно заменувајте ги сунѓерчињата и четкичките. Козметичките производи имаат рок на траење од 6 до 12 месеци.
- Вежбајте умерено: Повеќе не е секогаш подобро. Прелажани сме од козметичките компании да мислиме дека секој милиметар од кожата треба да биде мачкан со козметички средства. Бидете внимателни со ексфолијацијата.
- Скратете го времето за нега: Направете го режимот за нега на кожа едноставен. Постепено додавајте нови производи за да и дадете време на кожата да се прилагоди. Зошто да сте и вие како девојките кои секое утро поминуваат по 2-3 часа во тоалет и го премеруваат секој сантиметар од своето лице.
Запомнете, секој производ за нега на кожа има во просек 20-40 состојки. Секогаш кога ќе пробате нов козметички препарат, внимателно проверете како реагира вашата кожа.
Дај и го на својата кожа најдоброто од природата.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.
ПОГРИЖИ СЕ ЗА СВОЈАТА КОЖА со HERBALIFE SKIN
Гел за цврст предел околу очите
2,540 денХидрантен крем (околу очите)
2,540 денОсвежителен тоник од билки
1,225 денСерум за намалување брчки
4,180 денЗаштитен хидрантен крем со SPF 30
3,150 денНоќен крем за обновување на кожата
3,150 денДневен хидрантен крем што дава сјај
3,150 денЦитрусен гел за чистење
1,615 денЕксфолијант од бобинки
1,263 денСмирувачко млеко за чистење
1,615 денМаска за чистeње од глина и нане
1,369 ден