СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Далтонизам

Далтонизам е вообичаен израз за пореметување на препознавање на бои. Го опишал англискиот научник John Dalton на крајот од 18. век, а врз основа на сопствено искуство оти и самиот имал проблем со препознавање на боите.

На мрежницата на окото се наоѓаат нервни завршетоци-фоторецептори за три темелни бранови должини на светлината и ги делат во различни канали кои одговараат на црвената, зелената и сината. Кај лицата кои не препознаваат бои постои пореметување во рецепторите-поделбата не се одвива правилно, па тие поради тоа не препознаваат бои или заменуваат една боја за друга.

Оваа аномалија е наследна и постои од раѓање. Се пренесува од родителите на потомството, како и други наследни својства кои ги одредуваат телесните особини на поединецот. Исклучително, далтонизмот може да биде последица на оштетување на очниот нерв или на мрежницата на окото.

Пореметувањето е почесто кај машките деца. Причината за тоа лежи во основата на наследувањето. Човечкото суштество има 23 пара на хромозоми, значи вкупно 46, и преку нив наследните својства на родителите се пренесуваат на децата. Поточно речено, преку гените кои во нив имаат одредено место (locus), а се градени од деоксиорибонуклеински киселини во различни комбинации. За секое наследно својство постои ген на точно одредено место на хромозомот. Паровите на хромозомите се означени со броевите од 1 до 22, освен 23-от пар кој го одредува полот: кај девојчињата тоа се два XX хромозома, а кај момчињата XY хромозоми. Гените на хромозомите што ги носат истите наследни својства се нарекуваат алели. Бидејќи генот за препознавање на бои се наоѓа на X хромозомот, а момчињата имаат само еден X хромозом, кај нив далтонизмот е значително почест отколку кај девојчињата. За болеста да се јави кај девојче, обата хромозома би морале да имаат таков “болен” ген. Пореметувањето на препознавање на бои се јавува кај 8% машки деца и кај околу 0,4% женски.

Во светот живеат околу 8% мажи и 0,5% жени со ова пореметување. Во Европа, САД и Јапонија ги има вкупно 32,6 милиони. Луѓето со ова пореметување трпат на сите подрачја на животот и е оневозможена работа во над 150 занимања.

Како да се открие далтонизмот?

-Детето на возраст од околу 3 години може да ги препознава основните бои. Пред третата година препознавањето на боите е се уште непрецизно;

-детето научува да препознава бои низ учење и секодјневно посматрање на светот што го опкружува и на разните тонови на бои на одделни предмети. Обично црвената боја е онаа што бебето најнапред ќе ја воочи и која му е привлечна, иако тоа, се разбира, сѐ уште не препознава бои;

-по навршените три години може кај децата да се испита острината на видот и со помош на посебни таблици чувствителноста на бои. Меѓутоа, повеќето на возраст од три години знаат да ја препознаваат бојата на предметите, посебно на омилените играчки. За објективна проценка офталмологот применува тест на псевдохроматски плочки.

На детето му се покажуваат плочки кои имаат заднина од мали геометриски форми со иста боја (квадратчиња, топчиња), а во средината се наоѓа број или лик кој се состои од исти форми, но со различни бои (на пример, со црвено се означени ликот и бројот на зелено означена основа). Ако детето го препознае, значи дека има нормално чувство за бои. Во спротивно, ликот во средината се стопува со заднината и детето не јвоочува бои- пати од еден облик на далтонизам како што воопшто се нарекува пореметувањето на чувството за бои.

Далтонизмот не може да се лечи ниту со вежби, ниту со други постапки. Лицата со вакво пореметување и немаат поголеми тешкотии со нормална острина на видот. Постои ограничување во изборот на занимања: не можат да станат пилоти, професионални возачи, електротехничари и да се занимаваат со други занимања во кои препознавањето на бои е од големо значење.

Пореметувањето може да се манифестира како:

1 Ахроматопсија: се работи за мошне ретка аномалија-целосно слепило за бои и лицата кои патат од него не можат да препознаваат ниедна боја, иако имаат нормална острина на видот, но секоја слика која се пренесува во мозокот ја гледаат во црно-бели тонови;

2. Дисхроматосопија: лицата кои го имаат ова пореметување во препознавањето на бои можат да препознаваат една од основните (црвена, зелена или сина). Во некои случаи неможноста од препознавање на црвената боја е поврзана со препознавање на зелената (комплементарни бои). Ваквиот тип на пореметување се нарекува далтонизам во полна смисла на зборот оти Далтон така го опишал.

3 Анотнална трихроматосопија: намалена е чувствителноста за една од трите основни бои и лицето таа боја ја препознава поинаку од номрланото чувствување.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА