СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Суштинското за љубовта

Знаеме многу за неа? Се разбира. Но не точно колку? Има ли таа свој говор, свој јазик различен од секој друг?

Што велат стручњаците?

Често за љубовта слушаме теории, а некогаш се фаќаме самите или не фаќаат како теоретизираме-„филозофираме“ за неа. За советите односно советувањето да не правиме муабет. Едни нѐ советуваат на еден начин на освојување или задржување на партнерот, а други, пак, на друг, сосема различен.

А кога станува збор за љубовта, ниеден научен метод не е во целост точен, зашто таа не е мерлива константа. На пример, не можеме да кажеме дека сме 25 метри вљубени во своите партнери, а пријателот/пријателката во својата/својот 17 метри. Во љубовта ништо не е егзактно, ништо докажано и никогаш ништо сигурно.

Препорака: наместо читање на литература за спасување на врската или бракот, обидете се да го читате партнерот. Слушајте што ви зборува. Никогаш не коментирајте во стилот „Сите вие сте исти“. И никогаш не помислувајте дека она што вредело кај поранешниот мора да вреди и кај идниот.

Еве само некои често спомнувани, а сосема контрадикторни тврдења врзани за љубовта:

1. Дури во бракот ќе ја почувствувате вистинската љубов!-Љубовта умира со чинот на склопување на бракот!
2. Вљубените се сосема луди!-Паметната личност се мажи/жени за љубов!
3. Најубавата љубов се случува на прв поглед!-Најубава е онаа љубов што се развива од пријателство.
4. Љубовта ги надминува сите проблеми!-Најголеми проблеми се љубовните!
5. Сексот е добар само ако го сакаш партнерот!-Љубовта и сексот немаат никаква врска!
6. Љубовта ја има или ја нема!-На љубовта мора да се работи!
7. Љубовта е слепа!-Вистинската љубов гледа сѐ!
8. Само една е вистинска љубов!-Сите љубови се вистински!
9. Можеме да сакаме само едно лице!-Можеме да сакаме повеќе лица истовремено!
10. Најсреќни се вљубените лица!-Нема среќни љубови!
11. Љубовта е болка!-Љубовта е среќа!

Понекогаш двете тврдења се вистинити, понекогаш двете се сосема нереални. Единствената целосна вистина е тврдењето дека всушност за љубовта не знаеме ништо или знаеме многу малку.

А брачниот терапевт Ендрју г. Маршал (Andrew G. Marshall) опишува како паровите можат да ја сочуваат својата врска само со подобрување на начинот на комуникација.

Постојат 5 основни начини (јазици на љубовта) на кои можете да ја изразите својата љубов: 1. време, 2. допир, 3. грижливо дејствување, 4. зборови и 5. подароци.

Се разбира, ако вие и партнерот комуницирате со различни канали (јазици на љубовта), вашата порака упатена на партнерот може да помине незабележано или тој може да ја протолкува погрешно, доведувајќи ја врската во опасност. За среќа, постојат начини на кои можете да научите да разговарате со партнерот со разбирање.

Зборувате ли со исти јазици на љубовта?

Кога се вљубуваме претпоставуваме дека избраниот партнер ја сфаќа љубовта на сосема еднаков начин како и ние. Што во првата фаза на вљубување е главно и точно, зашто партнерите на почетокот од врската комуницираат на сите 5 начини. Меѓутоа, во следната фаза, кога секој партнер се враќа на својот изворно научен јазик на љубовта, доаѓа до првите несогласувања и сомнежи.

Да замислиме партнери кои зборуваат на различен јазик. Едниот верува дека љубовта ја покажува со купување на подарок, додека другиот преферира изјавување на љубов. При првиот празник или роденден ќе дојде до недоразбирање. Партнерот кој очекува подароци ќе се чувствува несакан зашто не го добил подарокот, а партнерот кој својот роденден сака да го помине покрај камин во удобен разговор ќе се разочара ако му се приреди овој тулум и се затрупа со куп подароци кои за него не се ништо друго освен безвредни работи.

За почеток да ги запознаеме поблиску начините на искажување љубов:

Јазик на љубовта 1:
Квалитетно поминување на заедничкото време

Под ова се подразбира лежење во прегратка додека партнерите заеднички гледаат ТВ или планираат заеднички одмор. Ваквите лица често не го разбираат партнерот кој минува премногу време со пријателите, на работа или занимавајќи се со некое хоби. Нивната најчеста жалба би била: „Никогаш ништо не работиме заедно“ или „За сѐ имаш време, освен за мене“.

Најлошата работа која партнерот може да ја направи е да заборави на роденденот, да откаже важно семејно собирање, поради работа или пријатели.

Ако во ова го препознавате вашиот партнер- Ништо нека не ви биде поважно од дружење со него. Обидете се да го вклучите во своите активности. Доколку не можете во она време што го минувате заедно, тогаш обидете се да бидете целосно концентрирани на него. Исто така немојте само да го делите времето, туку мислете и на активностите. Поставете си обврска дека одредено време во неделата ќе го поминете заедно во некоја заедничка активност, во зависност од вашите можности.

Јазик на љубовта 2:
Грижливо дејствување

Ова е највообичаениот начин на љубовен јазик. Лицата кои ја покажуваат својата љубов низ грижливо дејствување најчесто ќе ги слушнете како говорат: „Делата зборуваат повеќе од зборовите“. Љубовта се покажува низ на пример готвење за партнерот, помагање да го измие автомобилот, така што ќе ја одведете неговата сестра во 3 наутро на автобуска станица и сл.

Ако во ова го препознавате вашиот партнер-свесно принудете се да барате начини на кои на партнерот би можеле да му ја покажете љубовта. Инсталирајте нов антивирусен софтвер на неговиот компјутер или изненадете го со вечера, понудете му да ги измиете садовите…Ваквите партнери посебно ценат ако направите нешто што нормално се очекува од вас. Ако не сте сигурни што би можеле да сторите за него, слушајте на штонајчесто се жали. Вам на самиот почеток ваквите постапки можат да ви се чинат по малку изнасилени или можете да чувствувате како нешто да глумите, но тоа е единствен начин на кој можете на партнерот да му покажете колку го сакате.

Јазик на љубовта 3:
Допир (вљубен физички контакт)

Веројатно прво што ви паѓа на памет е сексот, но најчесто се многу поважни прегратките или спонтаните бакнежи. Ваквите лица обожуваат држење за раце или на пример масажи. Веројатно од нив ќе ги чуете речениците: „Дојди да те бакнам“, „Прегрни ме“ и сл. Се разбира, може целосно да ги уништи ако партнерот ги одбие затоа што е зафатен со некоја друга активност.

Ако во ова го препознавате својот партнер-вљубениот физички контакт е најдобар ако не е поврзан со секс. Би требало нежно да ја ставите раката на партнеровиот грб додека излегува од просторијата, додека гледате филм прегрнете го…Само на едноставни несексуални начини можете на партнерот да му покажете дека го сакате. Немојте да се воздржувате да го прашате што сака, каде ја поставува границата на допирот во јавноста.

Јазик на љубовта 4:
Зборови

Ваквите лица сакаат целиот свет да знае колку имаат специфична врска. Немојте да се изненадите ако во локалниот бар ви испее песна. Тие често ќе повторуваат колку ве сакаат, а најмногу ќе ги заболи ако партнерот одговори со омаловажувачките зборови „Тоа го зборуваш само за да…“.

Ако го препознавате својот партнер-комплиментите им се важни на овие лица и тие сакаат нивните партнери постојано да ја слават врската и односот. Често повторувајте му на партнерот колку го сакате, давајте му комплименти и користете големи зборови кога ги опишувате него и вашиот однос.

Јазик на љубовта 5:
Подароци

Неважно е дали се работи за скапо парче накит или за чоколадо. „Подарувачите“ сакаат да го изненадат својот партнер и да го опсипуваат со ситници. Ќе ги чуете како зборуваат: „Го видов ова и се сетив на тебе“. Најлошата работа која можете да ја направите е да мислите или уште полошо да кажете „А што ќе правам со тоа?“.

Ако го препознавате својот партнер-денешното општество е речиси опседнато со подарување и подароци, така што се заборава нивната вистинска порака., А што, пак, лицата од оваа група се уште ја препознаваат (ако ги исклучиме материјалистите). Ним подарокот им значи: „Со ова сакам да ти кажам дека мислев на тебе“. Поради тоа немојте да чекате посебни прилики. Многу мали подароци, ситници ќе помогнат да му покажете на партнерот дека ви е посебен и колку го сакате.

Многумина луѓе „од прва“ ќе го препознаат нивниот основен јазик на љубовта, но ако не сте сигурни завршете ги овие две следни изјави: „Најмногу сакана/сакан се чувствувам кога…“ и „Најмногу се жалам на партнерот поради тоа што тој никогаш не…“. Посебно втората реченица ќе ви го открие јазикот со кој вие зборувате, поради тоа што најчесто се жалиме на она што го сакаме најмногу.

За да откриете со кој јазик вашиот партнер зборува, замислете како тој би ги завршил наведените две реченици.

Ако вашата врска моментно минува низ потешка фаза, мошне е важно пред прекинот да се обидете да го прилагодите својот јазик на љубовта на партнеровиот. Сепак, доколку обата партнера не се подготвени на компромиси и промени во својот начин на комуницирање и однесување, ќе биде тешко да се пронајде заеднички јазик на љубовта.

И едниот и другиот партнер би требало да си ги постават следните прашања:

-Кога последен пат му дадов на партнерот некој комплимент?
-Кога последен пат му купив на партнерот подарок, а тоа да не била никаква посебна прилика или роденден?
-Кога последен пат партнерот и јас сме излегле на интимна вечера?
-Кога последен пат го допрев партнерот на начин нежен и полн со љубов, освен ако тоа не било вовед или поттик за секс?
-Кога последен пат му направив услуга на партнерот, а да не ме барал?

Ако одговорот на секое прашање е во последните неколку дена, можете на себеси да си дадете петка за љубовно комуницирање; низ минатата недела е добро; а низ минатиот месец е толерантно. Ако на некое прашање одговорот бил надвор од изминатите месец дена или ако не можете да се сетите, итно разговарајте со партнерот, обидете се да го препознаете неговиот јазик на љубовта и обидете се да искажувате љубов на нов начин.

Во потенцијално конфликтни времиња јазикот на љубовта, односно одделни негови зборови можат да бидат толку маскирани и скриени зашто партнерот претпоставува дека отворениот разговор е речиси невозможен. Поради тоа би требало со него во такви ситуации да разговарате колку може поотворено, но на неговиот јазик.

Следните чекори можат тоа да ви го олеснат:

1. Размислете кога последен пат сте сакале нешто да кажете, а кога сте го кажале звучело сосема поинаку од она што сте го замислиле.
2. Смислете што повеќе примери за такви ситуации.
3. Размислете за некој актуелен проблем за кој би требало да разговарате.
4. Прашајте се себе си дали вашите реченици се јасни и треба ли во нив да внесете некои измени.

Ако сакате навистина да направите партнерот да се чувствува сакан, обидете се да му го дадете она што нему му треба, а не она што вие би сакале да го добиете.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content