СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Избегнувајте празни калории

Газираните и спортските пијалоци, како и пакуваните овошни сокови се добри за задоволување на жедта, но содржат премногу калории, а премалку хранливи состојки.

Во основа, тие се зашеќерена вода преку која се внесуваат стотици празни калории во телото. Диеталните напитоци се добра опција ако сакате да го намалите внесот на калории. Но, сепак се препорачува ограничена употреба на вештачките засладувачи.

За вкусен, нискокалоричен пијалок, исцедете лимон во чаша изладена, обична или минерална вода. Билните чаеви топли или ладни, се одличен избор за хидратација на организмот. Потребно е да се разбере дека преку пијалоците може многу бргу да се внесат огромен број калории во телото.

Избегнувањето на засладени пијалоци во исхраната – значи и губење на тежината. На пример, во чаша газиран засладен напиток има околу 10 лажички шеќер, што значи дека со намалување на две чаши дневно, неделно би изгубиле околу половина килограм.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

СТАРТУВАЈ СО трансформација СЕГА!

  • Револуција во физичка трансформација
  • На забавен, едноставен и практичен ќе дојдеш до целта
  • Подароци и признанија за најдобрите 10 резултати
ПРИКЛУЧИ СЕ

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.