СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Квалитетно. Знаеш? Можеш?

Постои убедување дека се што правиш треба да биде квалитетно. Се што користиш, се што поседуваш, се што е околу Тебе – квалитетно. Ти да бидеш квалитетен/на. Зошто? Неквалитетното не постои? Или е само „изговор“ или лајт мотив за напредок. Што всушност е квалитетното?

Квалитет, сам по себе како термин, може да се толкува на разни начини. Критериумот за мерење на нештото, што и да е, прави да можеме да споредуваме, да се споредуваме, да резонираме што е она што е сега, и што треба да се случи сега за да истото биде подобро. Ако бараме и очекуваме напредок, ако се стремиме кон квалитетното, поквалитетното.

Постојат теории на разни системи за мерење, следење на квалитетот, но основата на сите концепти е постојано подобрување. Постојаност во подобрувањето во однос на зацртаните критериуми.

Доволно долго знаеме да влеземе во црната дупка барајќи го квалитетното. Наместо тоа, покорисно е да тргнеме од сопствената анализа на себеси и да пронајдеме која е нашата вредност, кој е сопствениот квалитет, според критериумите кои не опкружуваат, кои не вреднуваат, а најмногу според сопствените критеруми за вредното, корисното, правилното, убавото, …

Дали знаеш да бидеш и дали си квалитетен/а? Сигурен сум да. Убеден сум дека си најквалитетниот човек во Твојот живот, нема подобар/а од Тебе. Вистински е така. Зошто? Според Твоите критериуми, Твојот систем на вредности, Ти си плафонот. Да, тоа е магијата на себичното и егоистично себепознавање во средината каде делуваш, постоиш, твориш, работиш, влијаеш… Се додека не дознаеш дека има и нешто што не го гледаш, нешто позади шумата… Да, Ти си најдобриот/најдобрата на светот. Додека не постои, додека не се појави подобар/подобра. Кога ќе Ти се појави Таков/Таква во Твојот живот, тогаш започнува вистинската игра. И тогаш разбираш кој е Твојот квалитет. Почнуваш да копираш, безобразно искористуваш, безлично обезвреднуваш, за да останеш Тој/Таа… Квалитетот.

Но, дали си Ти свесен за своите вредности. Можеш ли да ги препознаеш Твоите квалитети, и со нив гордо да си дел од Твојот живот? Дали умееш да ги истакнеш, искористиш, промовираш кај другите, наметнеш? Биди сигурен/на дека си квалитетен човек.

Често, плашејќи се од сопствениот успех, бараме сенка-сигурност-поткрепа во некој, за да избегаме од сопствениот неуспех. Уште подобро, трагаме по оправдување, кое ќе си стои на сигурно за во случај на грешка да го искористиме, за да избегаме од сопствениот квалитет (читај неквалитет), и посегнеме по туѓиот интегритет, а да се утешиме, да бидеме спокојни.

Не е доволно да се повикаш на подобриот. Не е доволно да се препукуваш, и во случаи кога не е како што сакаш да биде. Цени го секој момент, кој Ти носи ново искуство, ново знаење, ново пријателство. Така ќе го надоградиш сопствениот квалитет.

Дали се цени? Најчесто не. Дали вреди да се потрудиш да Ти го ценат… квалитетот? Да. Секогаш и секаде. Но, внимавај: работи на тоа да го препознаат Твојот квалитет, да го осознаат навреме (никогаш пред Твоето време). И кога си во право, има нешто што другиот не го разбира. Зошто? Заради неговиот неквалитет. Стремејќи се Тој кон неговиот квалитет, ќе дојде до Твојот… Но, Ти си во предност. Тој оди по Тебе, а Ти пред него.

Важно: научи да си го искористиш! Не барај виновник во друг, пронајди ги недостатоците на Своето. Полесно ќе стигнеш до посакуваниот успех, до сопствената цел. Порано или подоцна – зависи од Тебе.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА