СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Трикови за убавина

Жените ширум светот користат традиционални трикови за убавина кои им помагаат да го одржуваат својот изглед. Повеќето најчесто посегнуваат по маслиново масло и мед, но понекогаш е добро да се позајмат трикови и од жени од други земји.

Најинтересни и најпрактични совети за убавина од разни делови на светот:

Бразилски антицелулитен третман и рецепт за бронзен тен

Бразилките на колковите тријат песок, а потоа го испираат во морето. Освен што е добар антицелулитен третман, тоа е одличен пилинг за целото тело.

Исто така, за побрзо да добијат бронзен тен според кој се познати ширум светот, Бразилките пред одење на плажа пијат сок од морков, како и сок од цвекло, кој нивната темна боја на кожата ја прави уште поинтензивна.

Рецепт од Бали за природен пилинг на кожата

На Бали жените денот го започнуваат со триење на кожата со мелено кафе за да ги отстранат мртвите ќелии. Всушност, тоа е одличен природен пилинг на кожата. Исто така, кофеинот ја прави кожата помека.

Норвешка нега на лицето

Жените од север се познати според својата неверојатна кожа. Норвежанките се мијат со студена минерална вода, за која велат дека совршено ја хидрира кожата.

Италијански рецепти за нежни усни и убави трепки

Прекрасните Италијанки своите усни ги мачкаат со маслиново масло, кое е одлично против сувост и иритација. Само неколку капки се доволни за тие да бидат нахранети и нежни.

За да имаат убави и долги трепки, Италијанките пред одење на спиење на нив нанесуваат рицинусово масло.

Јапонска тајна на убавината

Освен што јадат портокали богати со витамин Ц, маслото од камелија е главниот „виновник“ за порцуланскиот тен на Јапонките. Со него традиционално ги отстрануваат брчките и стриите, го поттикнуваат растењето на косата и лечат изгореници. Благодарение на ова масло, овие дами имаат убава кожа, квалитетна коса и цврсти нокти.

Индиска тајна на убава куса

Индијките се познати според својата густа и квалитетна коса. Нивниот рецепт за нејзино одржување е кокосово масло, кое еднаш неделно го загреваат и го нанесуваат на влакната, а потоа го оставаат да дејствува преку ноќта.

Шпански рецепти против подочници и убава боја на косата

Шпанките на уморните очи (на капаците) десетина минути држат тенко исечкани тркалца домат или компир . Со нив ја осветлуваат кожата и ги отстрануваат темните подочници.

Тие се познати и според своите раскошни локни и бујни коси. Бојата ја одржуваат со сок од брусница кој го додаваат во водата за последно испирање.

Кинески anti-age третман и рецепт за сјај на косата

Жените во Кина младоста ја одржуваат однатре, пиејќи големи количества бел чај кој дејствува против стареење и и дава блескав изглед на кожата. Освен што го пијат, го користат и во цела низа препарати за нега-од водичка за чистење на лицето, па до различни креми.

Од друга страна, за сјај на косата Кинескињите користат зелен чај, кој го мешаат со масло од рузмарин, а потоа со добиената смеса ја мијат косата по миењето.

Австралиски рецепти против првут и убави стапала

Австралиски стари рецепти против првут советуваат во шампонот кој го користите да додадете масло од чаевец или еукалиптус. Доволни се само неколку капки за да го отстраните првутот.

За стапалата да им изгледаат беспрекорно, жените во Австралија ги тријат со внатрешна страна на кора од авокадо. Таа ги омекнува тврдите подрачја и ја храни кожата.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА