СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Вистини за антиоксидансите

Со оглед на актуелноста и „семожноста“ во заштитата на здравјето, превентивата и лечењето на најтешките болести и заболувања, време е конечно да се расчисти што е што за нив и во врска со нив.

Дали антиоксидансите како хранливи материи ги победуваат болеста и стареењето или, пак, нивната „безгранична ефикасност“ е само резултат на претеран маркетинг?

Нема сомнеж дека најголеми непријатели на слободните радикали, отровните причинители на промените на ДНК структурата, се антиоксидансите. Често читаме и слушаме дека лечат рак, го спречуваат стареењето, го јакнат имунолошкиот систем. Што е вистина?

Учени луѓе, предводени од професори по нутриционизам, ги утврдија конечните факти за нив и надминаа некои суштински дилеми:

Најнапред: дали слободните радикали мора да бидат уништени?
Одговор: не секогаш.
Антиоксидансите се борат против слободните радикали, кои се всушност нестабилни молекули во телото, способни да предизвикаат мутација на ДНК. Тие се едноставно продукти на процесот на метаболизмот, односно оксидацијата. Одбранбените ќелии на телото користат слободни радикали како муниција за бактериите предизвикувачи на болестите.

Проблемот е кога во телото има премногу радикали. Големите количества, што ги создаваат смогот, цигарите и претераното изложување на сонце, ја надминуваат способноста на антиоксидансите да ги неутрализираат. Некои истражувачи откриле и врска помеѓу слободните радикали и стареењето.

Препорака: јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук, богати со антиоксиданси. Идеално е пет порции дневно;

Сите антиоксиданси не се исти.
Постојат околу 8.000 видови на антиоксиданси, од познатите хранливи материи како витамините, до флавоноидите и полифенолите. Некои од нив се поефикасни против одделни видови на радикали, а и нив ги има исто така стотици видови. Некои се поефикасни во одредени делови на ќелиите, а некои, пак, се борат само под одредени услови.

Решение: пробајте понекогаш и нешто ново.

Во едно истражување од 2006. година на Колорадо универзитетот се дошло до откритие дека луѓето кои јадат најразновиден зеленчук и овошје имаат најдобро заштитен ДНК.

Не сите антиоксиданси се наоѓаат во овошјето и зеленчукот.
Извор на антиоксиданси е целото растително царство-од мешунките, коскеното овошје, семенките и житариците. Затоа што сите растенија произведуваат антиоксиданси со кои се борат против штетници и УВ зрачењето.

Важно е да се избегнуваат рафинираните производи, на пример рафинираните житарици, оти кај нив со триците се отстранети сите антиоксиданси.

Решение: јадете интегрални житарици, грав, леќа, леблебии и сите мешунки. Кога купувате месо, избирајте го она од животните хранети по природен пат. Месото и млекото на стоката хранета со трева, наместо со концентрат, содржи многу повеќе антиоксиданси. Јајцата од кокошки кои се одгледувани на отворено исто така имаат повеќе нивоа на антиоксиданси.

Купувајте органски производи.

Поздрава ли е храната „засилена“ со антиоксиданси? Не.
Истражувањата за антиоксидансите сѐ уште не се ни приведени кон крајот, а компаниите што се занимаваат со производство на храна веќе ги користат како маркетиншки трик. Американската агенција за храна и лекови бара на пакувањето да наведе информација дали антиоксиданси се наоѓаат во производот, и таа е секогаш напишана со крупни букви. Меѓутоа, често оние што се наведени може да се само мал додаток на витаминот Е или Ц.

Решение: Не наседнувајте на маркетиншките трикови и не се надевајте на здравје со газиран пијалок, само затоа што на него пишува дека содржи антиоксиданси.

Дајте предност на свежото овошје и зеленчукот.

И да и не: ако вежбам и пијам витамини, ќе бидам во супер форма.
Тренирањето води до зголемена оксидација и создавање на поголеми количества на слободни радикали. Откриено е дека оние што тренираат и редовно земаат големи количества на антиоксиданси, како витамин Ц или Е, имаат послаби резултати од оние што тоа не го прават. Еден експеримент покажал покажал дека испитаниците кои земале дневно 1.000 милиграми Ц витамин постигнувале послаби резултати во текот на вежбањето.

Решението е пак: не се потпирајте на антиоксиданси од шишенце. Подобро променете ја исхраната.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content