Зошто сè потешко се слабее, а повеќе се дебелее

Да да, секој се прашува зошто сè потешко се слабее, а сè повеќе се дебелее. Навиките во исхраната се создаваат со години, дури и со децении. Со текот на годините, луѓето постепено се дебелеат. Погрешно е убедувањето дека се доволни еден или два месеца за да ја измениме таа реалност.

Уште на самиот почеток треба да ја разбереме вистината дека со програмите кои Ви ги препорачуваме се намалуваат во просек по 3-5 кг месечно и дека е неопходно потоа исто толку време да се користи нашата програма за да можат телото и метаболизмот да ја „заборават“ старата тежина и старите навики и да ги „меморираат“ и да ги прифатат новите навики. И тоа е така секогаш кога се практикуваме програма за здраво слабеење.

Основна причина за зголемување на тежината е неурамнотежената исхрана

Нашето тело е изградено од стотини трилиони клетки на кои секој ден им е потребен цел еден комплекс хранливи материи што би требало да ги добијат преку храната. Не му требаат само јаглехидрати, или само протеини, или само вода. Му треба сè.

Дали навистина го правиме тоа?

Во нашата вообичаена исхрана има вишок штетни материи додека, а од друга страна, има недостиг од многу хранливи материи и елементи што му се потребни на нашето тело. Многу здравствени проблеми и хронични состојби се поврзани со исхраната и со телесната тежина.

Дополнителни фактори што имаат негативно влијание врз храната

  • почвата веќе со децении се третира со преголеми количини вештачки ѓубрива
  • растенијата и плодовите се прскаат со високотоксични супстанци (пестициди)
  • загадување на околината (воздухот, водата и почвата)
  • насекаде околу нас ни е на дофат конзервирана храна
  • храна приготвена за да се користи многу подоцна (се додаваат хемиски супстанци за да може продуктите да се користат во исхраната по неколку месеци, дури и по неколку години)
  • процесот на приготвување на храната: варење, печење, чадење…

И тоа не е сè.
Нарушен е и процесот на преработка и апсорпција на храната во нашето тело поради:

  • заболувања на системот за варење (желудник и црева)
  • употреба на лекарства
  • консумирање алкохол и пушење
  • стрес
  • лоши навики во исхраната – нередовни оброци

Не е ни чудо што клетките во нашето тело не функционираат онака како што природно би требало да го прават тоа.

Related posts