СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

За разликата меѓу shake (шејк) и smoothie (смути) – дел 1

Шејк или смути ? Кој е подобриот избор ?Зарем има разлика ? Не е тоа едно те исто ?Што е поздраво за мене, и кои се вистинските разлики меѓу шејк и смути ?

Да да, веќе сите знаеме дека е здраво да се пие некаков шејк, т.е. смути. Разговарајќи со вас и со нашите клиенти, увидовме дека едно те исто т.е. синоним за шејк ни е смути. Но, има разлика. Споделуваме тоа што знаеме.

Разликата меѓу шејк и смути постои. Секако, и едното и другото е многу подобар оброк од преработена храна полна со секакви додатоци, конзерванси, шеќери и соли, од преработена конзервирана храна, со еден збор храна богата со многу работи кои на нашиот организам не му требаат. Уште нешто заедничко, а практично, е што шејковите и смутијата се прават брзо, а и конзумацијата (јадењето т.е. пиењето), е многу кратко, што секому му одговара во денешново динамично време.

Издвојуваме неколку важни поенти за да ни стане појасно.

Основна разлика:

  • Смутијата соржат зелечукова и овошна пулпа, додека шејковите содржи кремасти состојки.
  • Шејковите обично содржат солидна количина на протеини, додека на смутијата најчесто им недостасуваат протеини.
  • Вообичаени вкусеви на смути: јагода, манго, киви, ананас или зелен зеленчук.
  • Вообичаени вкусеви на шејкови: ванила, чоколадо, карамела или путер од кикирики.
  • И смутијата и шејковите можат да бидат здрава опција за оборок се додека ги приготвувате дома.
  • Смутијата се најдобра опција за оброк пред вежбање, додека шејковите се одлични за оброци по вежбање.
  • Кога порачувате во ресторан, поставувајте прашања и уверете се дека не добивате обичен милкшејк во лажно „здраво“ пакување.

Основа и текстура

Шејковите имаат поцврта текстура за разлика од смутијата. Замислете си милкшејк… Тој е толку густ што веројатно можеме да го изедеме со лажица. Во нашиов напис пред се пишуваме за шејкови направени од здрави состојки.

Шејковите користат многу поздрава основа за разлика од сладоледите – замрзната банана, авокадо и кокосово млеко се некои од состојките кои ќе го збогатат рецептот за својот омилен шејк. Ова е различно кај смутијата, бидејќи тие немаат структура на крем. Тие можат да бидат густи, бидејќи содржат пулпа од овошјето и зеленчукот. Особено замрзнатото овошје може да даде густина, но не и кремаста структура.

Течната база на шејковите е млекото, косово млеко или јогурт, додека типична основа на смутијата е водата.

Зелен протеински шејкСодржина со протеини

Протеинот е вистинската разлика и вистинската предност на шејковите во однос на смутијата.

Смутијата или не содржат или понекогаш содржат многу малку протеин. Често состојките на смутијата се ограничени на овошје или зеленчук, со малку додатоци од коноп или путер од лешници ставени за да се добие поголем протеин.

Шејковите обично се збогатени со некој вид на протеин во прав. Овие додатоци формираат кремаста техтура и ни овозможуваат да се чувствуваме сити подолго време. Шејковите често се направени како замена за оброци, а нивната нутритивна вредност е многу побогата и посеопфатна.

Што ќе рече, можете секогаш да додадете протеин во прав во смутито доколку сакате да ја зголемите количината на протеин во него. И тоа е обично се што е потребно за да го претворите своето зелено смути во зелен протеински шејк. Ние препорачуваме во своето смути да си додадете Формула 1 шејк со вкус по избор со што, вашето смути ќе биде речиси исто хранливо како и омилениот кремаст шејк.

Комбинации на вкусеви

Повеќето од нас кога мислиме на смути, мислиме на светол обоен пијалок.

Популарни вкусеви на овошни пијалоци кои содржат комбинации како јагода/киви, манго/ананас, портокал/бери и други слатки и свежи состојки.

Смутија со прекраси бои

Од друга страна пак, шејковите се базираат на состојки од здрави масти. Популарни вкусеви на шејкови се ванила, чоколадо, карамела, путер од кикирики. Базата на шејковите најчесто содржат кремасти состојки како авокато, млеко од кокос или замрзната банана.

Во вториот дел од оваа сторија ќе зборуваме за:

  • Што е поздраво – смути или шејк ?
  • Дали треба да си правите свои смутија и шејкови ?
  • Што да изберете во ресторан или смути бар ?
  • Одлука: шејк или смути ?

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

  • Oat Apple Fibre - растителни влакна во чаша
    Oat Apple Fiber – растителни влакна, овес и јаболко
    1,867 ден
  • Herbalifeline® Max капсули
    Herbalifeline® Max – Омега-3
    1,617 ден
  • Immune Booster освежителен напиток во чаша
    Immune booster
    1,160 ден
  • Решение за холестерол – Beta heart®
    2,503 ден
  • Витамини и Минерали за Жени
    Витамини и минерали за жени
    1,363 ден
  • Cell Activе
    2,232 ден
  • Herbal Aloe – алоја концентрат
    2,578 ден
  • Витамини и минерали за мажи
    Витамини и минерали за мажи
    1,363 ден
  • Протеински напиток во прав од Herbalife - висококвалитетен протеин
    Протеински напиток во прав PDM
    3,550 ден