Што ја прави диетата добра или лоша ? (Најдобрата диета за тебе, дел 2)

Продолжение на советот од Susan Bowerman, M.S., RD, CSSD, CSOWM, FAND – Senior Director, Worldwide Nutrition Education and Training на тема „Најдобрата диета за тебе“.

Навистина постојат „добри“ и „лоши“ диети. Сите познаваме некого кој внимателно ја бира храната и јаде здрав, но и такви за кои ни личи дека не јадат ништо друго освен брза храна и пијалоци со сода. И ако треба да намалите тежина, тогаш „држењето диета“ веројатно е добра одлука. Но вистнски намалувањето на тежината е различно за различни диети.

Доколку диетата за слабеење за која сте одлучиле е добро избалансирана и е оценета како здрава при процесот на намалување на тежината, тогаш да, во тој случај држењето на таа диета е навистина добро. Но ако таа диетата е небалансирана и рестриктивна, тогаш со неа треба да експериментирате. Или пак, доколку истата содржи премалку калории заради коишто немаат енергија или пребрзо ја губите теината, тогаш таа диета е „лоша диета“.

Најдобрата диета е онаа која ти дава резултат

Најуспешната диета е план на оброци која ти одговара на потребите за целиот ден, која на твоето тело му овозможува нутриенит кои му се потребни и храна во која ти уживаш да ја јадеш. Тоа е таа диета која „оди рака под рака“ со твојот животен стил, која можеш да ја пратиш до крајот на својот живот и која е твоја, уникатна за тебе.

Со толку многу различни диети насекаде, како да го составиш твојот дневен план ? Најдобар начин е да почниш со своите основни принципи, а потоа поинаку да ги распоредиш оброците се додека не го најдеш правиот начин на исхрана секој кој намногу ти одговара.

Создади си своја диета која ти одговара

Размислувај да си направиш своја диета на ист начин како кога размислуваш за градење на своја куќа. Почнуваш со изградба на основата-темелите, потоа ги градиш конструкција-столбови, плочи, а на крајот ја правиш убавината (прозорци, врати, светла, фасада), се додека не ја комплетираш по свој вкус, свој уникат.

Кога планираш да градиш куќа, планираш буџет за неа, размислуваш од каде пари. Слично и со исхраната, првата работа која треба да ја знаеш е колку калории ти се потребни. Како што и куќите имаат различни големини-соодветно и различен буџет за изградба, така и ние луѓето имаме различни калориски потреби. Но потребите за калории се твоја потреба, и се одредеи, во најголем дел, од составот на твоето тело и дневните навики за физичка активност. Не можеш да планираш што ќе јадеш се додека немаш слика за твоите дневни потреби за да ги достигнеш твоите цели за диетата (без разлика дали е тоа слабеење, зголемување на тежина или задржување на состојбата во која си).

Е сега, исто како кај куќата, твојата диета има потреба од цврсти темели. Идеално, основата на твојата диета ќе биде составена од растителни протеини, здрави извори на јаглехидрати (во форма на зеленчук, овошје и зрнеста храна), и скромни количини на здрави масти.Твојата цел е да ги искомбинираш твоите калории со протеини, јаглехидрати масти на начин кој ќе ги задоволи твоите потреби.

Во најголем број случаи, околу половина од твоите калории ќе дојдат од јаглехидрати. А другата половина ќе биде составена, повеќе или помалку, од протеини и масти. Протеините, јаглехидратите и мастите кои ги јадеш, заедно со витамините и минералите кои се потребни на твоето тело, ја правата целата структура на диетата која ти треба.

Персонализирај ја твојата диета за твој долгорочен успех

Кога ќе ја создадеш основата, темелите, столбовите и плочите, тогаш доаѓа декорирањето на твојата куќа. Истото е и со диетата. Имаш потреба од персонализација на твојот пла на оброци преку избор на храна која ќе ја јадеш која ти се допаѓа или не, според твојот животен стил, твојот буџет, се до достигнувањето на твоит потреби за нутриенти.

Персонализацијата е вистински клуч за твојот успех. Фокусирај се на избор на здрава храна во која најмногу уживаш. Битно е да имаш квалитетна диета со намирници кои се здрави за кои не би размислувал/а што тоа да јадеш. Нема да биде диетата „добра“ ако се чувствуваш несигурно кога одиш низ својот дом, ако не си тоа „ти“. Слично, ако диетата е само „добра“, а според тебе е добра затоа што те заситува, или затоа што ти помага да се чувствуваш одлично. Кога еднаш ќе се почуствуваш одлично со својата диета, тогаш таа може да ја наречеш како сакаш, а твојата тежина ќе ти се заблагодари засекогаш.

Related posts