Водата е клучен фактор за резултат при слабеење

Водата е клучен фактор за многу процеси во нашето тело. Внимавајте, вода. Често велиме: пијам течности. Но има течности кои се храна и имаат калорична вредност, како што се сокови, супи итн. Но водата е вода. Таа е единствена течност без калории, а многу важен играч во огромен број метаболични процеси.

И кога нешто не оди како што треба, на пример слабеењето, проблемот е СЕКОГАШ ист – НЕ ПИЕМЕ ДОВОЛНО ВОДА!

Зошто е тоа така ?

70% од нашето тело е составено од ВОДА. Секојдневно елиминираме (преку урината, потењето, дишењето, со испарување) околу 1,5-2 литри вода и заради тоа мораме, ако не повеќе, барем да внесеме онолку вода колку што исфрламе. Ако не го правиме тоа, тогаш течностите во организмот се полнат со токсини, со отпадни материи и со масти, а тоа ги оптоварува бубрезите кои така мораат да филтрираат премногу концентрирана течност.

Освен тоа, особено при намалување на телесната тежина, се „минира“ целата „работа“ што ја врши нашата програма за слабеење за да ги исфрли мастите што се стопиле. Крвотокот – вените, артериите, капиларите и лимфните јазли – замислете ги како речна мрежа: водената струја минува, водата ги чисти резервоарите сместени покрај рабовите на речното корито. Со внесување доволно количество нова вода што постојано доаѓа од изворот, реката се одржува чиста и бистра. Сосем спротивно на обраснатите и запуштени корита на вода што не се движи.4

Без доволно вода не доаѓа до:

Детоксикација, чистење на цревата, намалување или зголемување на телесната тежина, намалувањето на нивото на холетерол, подобрување на асимилирањето на микронутриентите…

Треба да пиеме околу 1 л. вода на 25 кг. телесна тежина, или најмалку два литри вода дневно. Тоа не е толку тешко колку што можеби си мислиме, особено ако сега пиеме малку вода, или подобро речено течности.

За да се тестирате колку вода обично пиете во текот на денот, направете го овој тест

Наутро наполнете едно шише вода, што сами ќе си ја испиете (без колегите и домашните што ќе се тој ден околу нас). Шише вода за себе. Од шишето си пиеш онолку вода колку што вообичаено си пиеш. Но, немој ради тестов да правиш спротивно од твоите навики 🙂 И на крајот на денот, види си го шишето, колку вода останало во него. Да, изгледа многу прост и несериозен овој тест. Но, пробајте и соочете се со својата навик за пиење вода. Така лесно ќе дознаете колку повеќе треба вода да пиете во текот на еден ден.

А колку се два литра вода ?

Два литри вода е всушност само осум чаши со средна големина.И сега вистинското прашање е: каде па јас можам да пијам осум чаши вода? Често нашите клиенти велат: јас не пијам 2-3, 8 нема шанси.Еве чаре: 1 чаша наутро по будењето, 1 измеѓу доручекот и ужинката, 1 со ужинката, и уште 1 помеѓу ужинката и ручекот. Па 2 помеѓу ручекот и ужинката, 1 по ужинката, и 1 по вечерата.Еве второ чаре: 2-3 голтки на секои 15-20 минути. Како ракииче 🙂 Бива ?

Битно е да ја менуваме навиката за пиење на доволно вода во денот.Замена за водата нема. Можеме да пиеше и овошни сокови, лимоната или негазирани течности (ако сакаме да слабееме, без шеќери се разбира).Внимавајте, соковите „без шеќер“ содржат околу 500 калоории на литар.

Не е тешко да се пијат 2 литра вода дневно. Плус други течности. Верувајте!

Related posts