Во развиениот, индсутријализиран свет, во светот на бизнисот, во потрошувачкото општество, постојано се зголемува бројот на луѓето кои редовно одат на психотерапија. Се смета дека во овој момент таа бројка е рекордна-најголема досега, а трошењето на лекови не било никогаш поголемо.
Меѓутоа, од друга страна, стресот, анксиозноста и депресијата продолжуваат да попримаат епидемиски размери. Јасно е дека стандардните третмани веќе не се ниту краткорочно, ниту долгорочно решение.
Со користење односно потпирка на книгата „Оздравување- лечење на стрес, анксиозност и депресија без лекови и психотерапија“ од Д-р Давид Серван-Шрајдер, ве запознаваме со најнови сознанија, откритија и третмани односно начини на лекување на болестите на модерниот човек.
Што значи да се живее во хармонија? Се смета дека тоа подразбира пред сѐ чувство оти животот е великодушен и треба да се ужива во него, во и заедно со луѓето околу себе си и со малите задоволства на секојдневјето-оброците, сонот, проектите, односите. „Хармоничните“ не му припаѓаат на некој култ или на специфична религија, не живеат во некоја одредена земја и, воопшто, многу не се разликуваат од другите, не се издвојуваат од средината во која живеат. Што ќе рече дека некои се богати, други не се, некои се во брак, а други живеат сами, некои имаат посебни таленти, а други се прилично обични. Како и сите други, и тие доживеале и преживеале порази, разочарувања, мрачни моменти.
Никој не бега од тешкотиите, но се чини дека најважното според што сепак се изделуваат, заслужуваат да се категоризираат како хармонични, е дека се подобро опремени да ги совладуваат пречките. Тие како да имаат некоја способност да минат низ неволја, да му дадат смисла на својот живот како да се подобро поврзани со самите себе си, со другите луѓе и со она што го избрале како свој облик на постоење. Основното прашање поврзано со нив е како се постигнува таквата отпорност, а од него произлегува она што се однесува на сите нас: како да изградиме сопствена наклонетост спрема среќата?
Авторот на спомнатото дело поминал 20 години студирајќи и практицирајќи медицина, главно на големи универзитети на САД, Канада и Франција, но и со тибетантски лекари и индијански шамани. Во тој период дошол до некои клучни постапки кои се покажале корисни и за неговите пациенти и за него самиот. А не било збор за фармацевтски производи, ниту за вообичаената психотерапија. По дипломата на медицинскиот факултет, 5 години бил надвор од медицината за да проучува како невроните се организираат во мрежи и произведуваат мисли и емоции, за потоа да докторира когнитивна неврологија. По „тврдото“ научно образование, враќањето во светот на клиниката и стажирањето на психијатрија всушност му биле тешки. Работата со пациентите се чинела премногу мека, премногу неодредена, речиси прелесна во споредба со конкретните податоци и математичката прецизност на која се навикнал.
Меѓутоа, Серван-Шрајдер се тешел себеси дека учи психијатриска практика на присхијатриски оддел чија научна и истражувачка насоченост е помеѓу најцврстите во земјата (САД).
По некое време од државниот институт за здравство и приватни фондации добил доволно средства да оформи сопствена лабораторија. Работите не можеле да изгледаат подобро и можело да се очекува дека неговиот интерес за ново знаење и цврсти факти ќе биде задоволен. Но за кратко време неколку искуства сосема ги промениле неговиот поглед на медицината и насоката на неговата кариера.
Едно од тие искуства било патувањето во Индија, во рамките на организацијата Лекари без граници, за која работел како член на Управниот одбор на САД од 1991. до 2000. година. Во Индија работел со бегалци од Тибет во Дарамсала, седиштето на Далај Лама. Таму ја запознал традиционалната медицинска практика на Тибет, во која лекарите поставуваат дијагноза на болеста и „нерамнотежата“ со детално опипување на пулсот на обата зглоба и со преглед на јазикот и урината. Тие лекари применувале само акупунктура, традиционални билни препарати и упати за медитирање. И биле еднакво успешни во третирањето на пациентите кои пателе од хронични болести како и оние на Запад, но нивните терапии имале многу помалку придружни појави и чинеле многу помалку. Неговите психијатриски пациенти главно пателе од хронични болести (депресија, анксиозност, биполарност и стрес- се се тоа хронични тегоби).
Така и Д-р Серван го поставил прашањето дали презирот спрема традиционалните пристапи, со кој го подучувале во текот на целото школување, е втемелен на објективни факти или на незнаење. Се разбира, додека западната медицина бележи успеси кај акутните тегоби, како што се воспаление на белите дробови или на слепо црево, или на кршење на коски, е далеку помалку сјајна во третирањето на хроничните состојби, вклучувајќи ги анксиозноста и депресијата.
Врз основа на тоа, како и на другите искуства, тој дошол до 7 природни пристапи кон лечење кои ги користат сопствените исцелителни механизми на умот и мозокот за опоравување од депресија, анксиозност и стрес.
Методите на лечење, кои авторот ги опишува, делат иста цел: јакнење на механизмите на самоисцелување кои се применуваат на сите животни форми-од поединечните станици до цели екосистеми, вклучувајќи ги и луѓето. Секој метод на свој начин го одразува постојаното настојување на телото да воспостави кохеренција, да ја врати неговата рамнотежа. Поради тоа различните методи работат во синергија: не е важно да се избере една, на штета на сите останати. Токму спротивно, сите тие меѓусебно се засилуваат.
Додека ја истражувал научната литература пишувајќи ја наведената книга, авторот открил дека секој поединечен метод всушност ја зајакнува рамнотежата на парасимпатичниот нервен систем. Таа гранка на автономен нервен систем смирува и ублажува многу различни функции во телото и умот. Затоа е полесно да се почувствува подобрување на расположението и олеснување на стресот, корисното дејствување на воспоставувањето на срцевата кохеренција, ако напоредно вежбаме, јадеме повеќе омега-3 масни киселини или ги елиминираме трагите на старите травматски емоционални икскуства низ EMDR (предизвикана имитација на брзи движења на окото какви што се одвиваат во текот на спиењето, која помага во лечење на трауми), затоа што сето тоа помага повторно да се воспостави рамнотежа помеѓу симпатичниот и парасимпатичниот нервен систем. Тие со тоа помагаат за ресетирање на емоционалниот мозок и го одржуваат оптималниот распон на неговото функционирање.
Модерната медицина го изгубила самиот поим на синергија. Единствената голема трансформација во историјата на медицината се случила во 40-те години на 20. век. За првпат, заастрашувачките и смртоносни болести можеле да бидат победени со специфичен и сигурен третман. Воспаление на белите дробови, сифилис, гангрена, туберкулоза- сето тоа потклекна пред антибиотиците. Тие нови лекови беа толку делотворни што се што дотогаш беше неизоставно за медицината наеднаш изгледаше небитно. Не беше важно лекарите да се грижат за пациентот, не беше важно ни што јаде, дури ни дали сака да оздрави. Пациентот зема антибиотици и болеста се повлекува. Старите столбови на медицината- односот на лекарот и пациентот, здравата исхрана, ставот на пациентот итн.- изгледале како застарени и погрешни концепти.
Од тој фантастичен напредок се роди новата медицина во западниот свет, медицината која повеќе не го земала предвид минатото на пациентот, нејзината или неговата мрежа на односи, јачината на нејзината или неговата животна сила, или механизмите на самоизлекување. Новиот и чисто механички поглед на пациентите и болестите веднаш се прошири на целата медицина, далеку пошироко од подрачјето на заразните болести.
Денес учењето на западните медицински факултети повеќе се фокусира на дијагностицирање на специфични болести за да може да се избере специфичен третман. Таквиот пристап е мошне успешен во акутните состојби: хируршко отстранување на слепо црево кај воспаление, пеницилин за воспаление на белите дробови, кортикостероид за астматичен напад итн. Меѓутоа, „специфичниот третман“ е пристап кој не постигнува никакво вистинско лечење кај хроничните заболувања. Кај нив модерниот западен пристап воопшто помага единствено во кризите, како што е напад на астма или инфаркт-не дејствува врз заболувањето кое до нив доведува.
Да го земеме како пример инфарктот. Пациентка доаѓа во итната служба на работ на смртта-бледа, чувствува мачнина, се гуши, чуствува разорна болка во градниот кош. Лекарите точно знаат што треба да се направи: моментно, низ мала цевка во носот дотекува кислород, нитроглицерин ги шири нејзините крвни садови, бета- блокаторот го забавува бројот на отчукувања на срцето, аспиринот го спречува додатното згрутчување, а морфиумот ги ублажува болките. За помалку од 10 минути животот на жената е спасен. Може нормално да дише,може да разговара со своето семејство, може дури и да се насмевне. Во многу што медицината е во своето најдобро издание.
Меѓутоа, покрај драматичноста на моќната интервенција, болеста која се крие под тоа-прогресивно затнување на артериите- не ја ни допрела. До денешен ден, најделотворните зафати за лечење на ова заболување се збунувачки механички. Речиси „немодерни“. Се состојат од комбинација на совладување на стрес, вежбање и подобра исхрана. Синергијата помеѓу тие промени во начинот на животот може да го поттикне темелното чистење на артериите.
Истото важи и за анксиозноста и депресијата. Тоа се хронични заболувања, ни малку слични на акутните инфекции или скршени раце. Хроничното заболување настанува низ сложено меѓудејствување помеѓу телесните системи кои почнале лошо да функционираат. Го храни и некоја форма на „загадување“ однадвор, во форма на неприлагодена исхрана, травматични настани или хронично болни односи. По година на лошо функционирање и труење однадвор, наивно би било да се мисли дека еден зафат или дури еден вид на зафат би можел системски да го урамнотежи системот или да го насочи на патот на самоизлекување. Сите лекари кои во практиката работат со хронични болести, од кој било тип, се согласуваат во тоа. Синергијата помеѓу неколку интервенции е единствен начин да се сврти долготрајната состојба која се зацврстила во телото. Дури најтврдокорните психотерапевти и биолошките психијатри се принудени да признаат дека за хроничните форми на депресија комбинацијата од псиохотерапија и лечење е поделотворна отколку кој било третман посебно. Тоа го потврди и неодамнешната импресивна студија од неколку универзитетски центри, објавена во New England Journal of Medicine.
За да го победиме хроничното заболување, мораме да се користиме со сите механизми на самоизлекување до кои имаме пристап. Низ неколку интервенции мораме да изградиме синергија на лечење поголема од замавот на самата болест. Во тој дух Д-р Давид Серван-Шрајдер во книгата и поставил различни методи. Иако секоја од нив е проучувана одделно и потврдена нејзината делотворност, најделотворниот третман е да се пронајде комбинацијата која е најпогодна за одделна болест, која има најмногу шанси да ја тансформира болката на лицето и да и му ја врати животната енергија.
Извор: Паноптикум
Дај си поддршка на својот мозок, своето срце, својот вид.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.
ОВОЗМОЖИ СИ ЗДРАВО СТАРЕЕЊЕ
Formula 1 шејк комплетен заменски оброк
2,958 ден – 3,099 денПротеински напиток во прав PDM
3,550 денHerbalifeline® Max – Омега-3
1,617 денРешение за холестерол – Beta heart®
2,503 денOat Apple Fiber – растителни влакна, овес и јаболко
1,867 денCell Activе
2,232 денHerbal Aloe – алоја концентрат
2,578 денВитамини и минерали за мажи
1,363 ден