СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Здравјето и костенливото овошје

Речиси да нема друг продукт кој е толку мал, а обединува толку хранливи материи како костеливото овошје. Ореви, лешници, фстаци и др. не само што се мошне вкусни, туку се и мошне здрави. Богати се со масти, но станува збор за здрава комбинација на многубројни незаситени масни киселини. Тоа не значи дека треба да ги јадете во неограничени количества, но би можеле дел од дневните потреби од масти слободно да ги замените со овие плодови. Стручњаците препорачуваат 5 пати неделно по 30 грама. Наместо чоколадо, слободно грицкајте фстаци, а за пржење користете бадемово масло наместо маргаринн.

Лешниците ги јакнат нервите

Мешавина на витамин Б придонесува за нервна стабилност, а заедно со липидите и масните киселини го подобрува работењето на мозокот. Но тоа не е се: лешникот ги ублажува дури и хроничните тегоби зашто содржи прекурзори на хормонот на среќата серотонин, кои ја намалуваат чувствителноста на болка.

Бадемот спречува оштетување на ќелиите

Повеќето луѓе не внесуваат доволно витамин Е кој штити од воспаленија и спречува оштетување на ќелиите. Порција бадеми (околу 30 грама) ги покрива дневните потреби на организмот од овој витамин, а што позитивно се одразува на срцето. Освен тоа, бадемот содржи биотин, витамин кој благотворно дејствува врз кожата. Бадемовото масло ја негува кожата давајќи и мазност и сјај.

Оревите се добри за срцето

Оревот е ѕвезда помеѓу костеливите плодови, а за тоа постојат неколку причини: истражувањата покажуваат дека со редовно консумирање на ореви (една рака дневно) го намалува ризикот од заболување на срцето. За тоа се заслужни омега 3 масните киселини. Освен тоа, оревите се богати со елагинска киселина која има антиканцерогени својства и мошне ефикасно го неутрализираат дејството на слободните радикали кои ги уништуваат ќелиите на срцето, мозокот и кожата.

Кикиритката ги снижува притисокот и шеќерот

Дали сте чуле за аргининот? Станува збор за аминокиселини кои ги регулираат крвниот притисок, шеќерот и нивото на масти во крвта. Освен аргининот, кикиритката содржи и фолна киселина која го намалува ризикот од болести на срцето и депресијата, а ги спречува и деформациите на плодот во бременоста.

Кокосовиот орев идеален за спортистите

Кокосовото млеко е богато со витамин Ц и минерални материи, поради што е исклучително згодно за спортистите. За разлика од другите костеливи плодови, кокосовиот орев има наполу помалку калории, но затоа содржи нездрави заситени масни киселини, па не е згоден за готвење.

Индискиот орев (кешу) го јакне имунитетот

Во 100 грама индиски ореви има дури 6 милиграми железо, што е мошне значаен податок за вегетаријанците и бремените жени. И поради тоа што содржи цинк овој вид на костеливо овошје се наоѓа во врвот на листата. Цинкот ја зголемува отпорноста на организмот на опасни предизвикувачи на болести, а особено го јакне лимфниот систем. Исто така содржи магнезиум кој ги опушта нервниот систем и мускулите. Индискиот орев е идеален за облагородување на вкусот на специјалитетите од Азија.

Бразилскиот орев ги јакне мускулите

Само 6 плодови содржат исто количество на белковини како шницла од 200 грама., а протеините ни се неопходни за изградба на мускулни и нервни ќелии. Што уште има во бразилскиот орев? Големо количество на селен кој штити од слободни радикали, врзува отровни материи и го подобрува квалитетот на сперматозоидите.

Фстаците ги штитат цревата

Познато е дека влакнестите материи создаваат чувство на ситост, го забрзуваат варењето и спречуваат рак на цревата. Не морате секогаш да јадете интегрални житарици и зеленчук за во организмот да ги внесете овие корисни материи. Консумирајќи ги вкусните зеленкасти плодови на фстаците, ќе го постигнете истиот ефект. Ако досега, поради зголемен холестерол, сте избегнувале да ги јадете, имајте го на ум следното: една американска студија покажала дека 47 фстаци дневно се доволни нивото на лошиот ЛДЛ холетсерол да се намали за 10%.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА