Дали знаете колку нега и треба на вашата кожа? Дали некогаш сте размислувале колку е штетна или корисна козметиката и шминката која ја употребувате веднаш штом ќе станете?
Прочитајте ги следните факти и научете што можете да направите уште денес за да имате здрава и убава кожа. Еве ги 10-те заповеди за нега на кожата. Размислете дали ги следите овие важни правила:
- Заштитете ја кожата од сонцето: Користете креми со заштитен фактор и избегнувајте изложување на директна светлина помеѓу 10 и 16 часот.
- Не пушете: Пушењето ја оштетува циркулацијата, правејќи кожата да изгледа стара и сива. Наместо тоа, снабдувајте ја кожата со крв полна со кислород. Кожата е нашиот најголем орган.
- Овозможете си доволно одмор и храна за кожата: Одмор и здрава исхрана се клучни за здрава кожа.
- Заштитете се од стрес: Стресот негативно влијае на кожата, без разлика дали е емоционален или доаѓа од средината во која живеете и работите.
- Мијте го лицето двапати на ден: Користете производи кои одговараат на вашиот тип кожа. Миењето на лицето е важно за отстранување на мртви клетки и прашина. Зачудувачки е колку жени не го мијат лицето наутро.
- Не запоставувајте одредени делови од кожата: Лакти, петици, врат и деколте треба да бидат хидрирани и заштитени од сонцето. Вашиот скалп и нозете исто така треба да бидат заштитени од сонцето.
- Помалку допирајте го лицето и повеќе мијте ги рацете: Не ја трауматизирајте ја кожата со стискање бубулици. Колку повеќе го практикувате ова, толку повеќе си давате шанси за лузни на лицето. Користете производи кои ќе ги решат ваквите проблеми.
- Чувајте ја шминката чиста: Редовно заменувајте ги сунѓерчињата и четкичките. Козметичките производи имаат рок на траење од 6 до 12 месеци.
- Вежбајте умерено: Повеќе не е секогаш подобро. Прелажани сме од козметичките компании да мислиме дека секој милиметар од кожата треба да биде мачкан со козметички средства. Бидете внимателни со ексфолијацијата.
- Скратете го времето за нега: Направете го режимот за нега на кожа едноставен. Постепено додавајте нови производи за да и дадете време на кожата да се прилагоди. Зошто да сте и вие како девојките кои секое утро поминуваат по 2-3 часа во тоалет и го премеруваат секој сантиметар од своето лице.
Запомнете, секој производ за нега на кожа има во просек 20-40 состојки. Секогаш кога ќе пробате нов козметички препарат, внимателно проверете како реагира вашата кожа.
Дај и го на својата кожа најдоброто од природата.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.