СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Прво топење, потоа форма – програми за слабеење

Не е сè во вежбањето. Џабе вежбање ако се јаде исто па и повеќе од претходно. Затоа, битно е „прво топење, потоа форма“. А топењето се прави со вежбање, да. Но што ако стопиш, ако јадеш неправилно. Наизглед се создава форма, да, но вишокот поткожни масти останува вишок, непотребен. Со нашите програми за слабеење, тоа е поинаку.

Стандардна диета, со загарантиран јо-јо ефект

Со традиционалната нискокалорична диета за да го намалиме бројот калории што ги внесуваме, го смалуваме количеството храна што го јадеме. Освен тоа, тогаш пиеме и чаеви или некои други средства за да го намалиме чувството на глад. Меѓутоа, на тој начин внесуваме и недоволно потребни хранливи материи, а како последица од вака намалениот внес чувствуваме глад, слабост, вртоглавици, имаме силна желба „убаво да се најадеме“ и така обично попуштаме пред искушението и се откажуваме од слабеењето.

Пред да го елиминира вишокот калории и масти и прекумерните животински протеини и шеќерите, нашата програмз за слабеење на почеток ја реинтегрира нашата исхрана на тој начин што на организмот му дава сè што му треба за да се храни правилно и урамнотежено. Потоа ги корегира нашите погрешни навики.

Со нашите програми за слабеење во кои се вметнати производите од Herbalife на својот организам му обезбедуваме правилен внес на елементи во трагови и други микронутриенти.

Освен тоа, секој ден можеме да изедеме по нешто што навистина го сакаме, зашто еден оброк во денот јадеме оброк по желба. Нема потреба, како кај класичната диета, со месеци да се измачуваме со одречување од омилената храна што не смееме да ја јадеме затоа што сме на диета. Напротив, со нашите програми секој ден можеме да си кажеме: „Какво убаво јадење ќе си направам денеска?“

Килограми, сантиметри, слабеење – програми за слабеење

Нашиот тренер кој ќе ве следи во користењето на програмата, ќе ви помага и ќе соработува со вас, и ќе ви каже да се измерите на вага и да ги измерите своите обеми. Важно е да го направите тоа. Еве зошто.

Намалувањето на телесната тежина обично се одвива вака

Намалуваме околу 500 калории дневно, за да намалиме 1 кг неделно. Тоа ќе придонесе и да намалиме сантиметри во обеми, што е клучна задача во процесот на намалување на тежината. Откако ќе го стопимие вишокот поткожни масти, следуваме фазата на стабилизирање на тежината, што може да трае од пет до триесет дена (освен во специјални случаи). Во овој период, нашето тело прави пауза за да ги „зацврсти“ постигнатите резултати. Ако не мериме сантиметри, тие денови нема да бидеме задоволни затоа што на вага нема да имаме резултати.

Сантиметрите се поважни од килограмите. Само што тоа никој не Ви кажал досега, нели ?

Навикнати сме да гледаме во вагата, колку ни е тежината. И речиси секогаш сме депримирани кога не мрда ништо, стоиме во место. Но со нас ќе го смените и тој став, бидејќи ќе ве научиме зошто е стоењето во место, што се случува кога „ништо не се случува“.

Фазата на стабилизирање може да настапи уште веднаш, на самиот почеток, а може да дојде и подоцна – нема правило, телото најдобро си знае и самото си решава!

Во посебни ситуации (кога лицето со години е со недоволен број килограми, за време на менопауза, кога се користат лекарства, за време на менструалниот циклус, во моменти на силен стрес или при некои други тегоби), може да настапи период на тотално стабилизирање. Меѓутоа, ние знаеме дека се тоа само преодни, привремени фази. Во таквите моменти е битно да имаме самодоверба, да бидеме стрпливи и да имаме доверба во нашиот советник, којшто нè следи и ни помага. Особено е важно да не се реагира негативно на моменталното незадоволство – зашто ТАКА ЌЕ НАПРАВИТЕ НЕКОЈА ГРЕШКА НА СВОЈА ШТЕТА!

Со губењето вишок килограми и програми за слабеење си обезбедуваме постигнување на саканата тежина на здрав и едноставен начин, но истовремено и трајно задржување на постигнатите резултати. Еве како.

Најважно е да се задржи постигнатата тежина !
Но, ако не сме ја постигнале саканата тежина, а таа стои во место, тоа е навистина супер. Да, подобро ќе биде да ја постигнеме посакуваната тежина, бидејќи тогаш се гордееме со себе и задоволни сме со постигнатите резултати и сакаме на сите да им ја покажеме новата линија. Се чувствуваме толку силни што ништо не може да нè запре.

Но, секогаш има едно „НО“!
Секогаш кога ќе ја постигнеме посакуваната тежина, нашата борба против вишокот килограми сè уште не е завршена. СЕГА треба да ја ЗАДРЖИМЕ ТЕЖИНАТА.

Како што почнавме постепено, така треба и да продолжиме – чекор по чекор. Нашите програми за одржување на тежината на вашето тело и на метаболизмот ќе им овозможи да ја „заборават“ старата и да ја „запаметат“ новата тежина и новите навики во исхраната. Сигурно нема на своето тело да му кажеме, „ете, ја постигна идеалната тежина. Од денеска пак ти ги враќам твоите 3.000 калории!“ Тоа би значело дека одиме против себе, и дека бадијалата сме се труделе, зашто само ќе си ги уништиме резултатите што сме ги постигнале! И ако го направиме тоа, тогаш се префрламе на програмата „јо-јо ефект“, а тоа никој не би го посакал.

Периодот на одржување на постигната телесна тежина е еднаков на периодот што бил потребен да се симне вишокот килограми

Пример: ако некој ослабел 12 килограми за 3 месеци, ќе бидат потребни уште 3 месеци за одржување на постигнатата тежина без враќање на старите навики во исхраната (нередовни оброци, прескoкнување оброци, преобилни оброци, храна што содржи премногу калории, шеќери, масти, бело брашно, недоволно вода, итн.)

Со нашата програма за одржување на тежината еден оброк дневно заменуваме со шејкот (најдобро е тоа да биде појадокот), имаме еден урамнотежен, традиционален оброк по желба (ручек) и 2-3 помали оброци (овошје, јогурт…) до крајот на денот и, она што никако не смееме да го заборавиме, и натаму треба да пиеме најмалку два литри вода дневно. Така ќе ги зацврстиме своите навики во исхраната и ќе научиме да ја држиме под контрола својата телесна тежина.

Клучен во оваа фаза е Инстант растителниот напиток

Инстант растителниот напиток со екстракти од чај (Thermojetics чајот) може да се пие во секое време во текот на денот, но има причина зошто се препорачува да се пие околу 10:00 ч. и околу 15:00 ч. Тој го „буди“ нашиот организам со помош на механизмот на термогенеза. Нашиот метаболизам во одредени периоди од денот има висок и низок од. Кога се будиме, тој е висок, а потоа кон средината на претпладнето опаѓа, повторно се подигнува околу пладне, па понторно опаѓа на средина на попладнето, и се подигнува навечер.

Инстант растителниот напиток со екстракти од чај (Thermojetics чајот) ќе има поголем ефект ако го пиеме во периодите кога нашиот метаболизам „спие“ – подобро е тогаш отколку кога метаболизмот природно „работи“.

Се разбира, може да го користиме по потреба, зашто тој ќе ни даде енергија во секој момент. Разблажен можете да го користите преку цел ден.

Клучно: помош и соработка наш личен тренер за исхрана и програми за слабеење

Програмите на Herbalife навистина дејствуваат затоа што претставуваат резултат на многубројни студии што ги прават врвни светски стручњаци на полето на нутриционизмот.

Меѓутоа, за успех на оваа програма голема важност и се придава токму на помошта, на соработката и на советите од вашиот личен тренер за исхрана. Лицата што биле следени полесно ги надминуваат евентуалните кризи и не се откажуваат од програмата туку доаѓаат до својата цел.

Освен тоа, информациите што ги добивате од својот личен тренер за исхрана ќе ви помогнат да ги прифатите новите навики во исхраната за да можете до крајот на животот да ја одржувате саканата телесна тежина, доброто здравје и виталноста.

Наш предлог за Ваш старт кон своја подобра форма и нови навики

  1. Искористи наш подарок BodyScan
  2. Резервирај си VIP консултација со свој тренер за исхрана
  3. Пријави се во следна група во нашиот FitMaraton

И што ќе добиеш кога ќе ја искористиш нашава препорака ?
Ќе го запознаеш своето тело – од што е составено, кои се калориските и протеинските потреби, потреби за вода, каде грешиш во исхраната, кој е Вашиот идеален план на исхрана за да постигнете баланс и да ја достигнете својата фит цел. И веднаш се вклучувате во група за поддршка преку нашиот фит предизвик FitMaraton каде ќе добиете и дневна едукација, инспирација, идеи за дневни оброци и одлична здрава заедница.

Вие сте на потег ! Тука сме за Вас.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content