Срцето е најважниот орган во телото, а неговото здравје зависи од нашите секојдневни избори – од исхраната, движењето, до управувањето со стресот. Научните истражувања потврдуваат дека одредени намирници имаат моќ да го заштитат срцето, да ги одржат крвните садови флексибилни и да спречат развој на срцеви заболувања.
Во овој водич ќе откриеме кои се најдобрите намирници за здраво срце и како да ги вклучите во вашата исхрана.
Спанаќ – природен штит за срцето
Спанаќ – богат со витамините Ц и Е, како и бетакаротен, кој помага во превенција од артериосклероза. Најдобро е да го консумирате свеж во салата или кратко обарен за да ги зачувате неговите нутритивни вредности.
Како да го вклучите?
- Додадете свеж панак во смути
- Направете салата со лимонов сок и маслиново масло
- Додајте го во омлети или чорби
Лук – природен регулатор на крвниот притисок
Лукот содржи моќни соединенија кои ја подобруваат циркулацијата и го регулираат крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на лук може да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Како да го консумирате?
- Додајте свеж лук во салати и сосови
- Измешајте го со маслиново масло и користете како намаз
- Земете 1-2 чешниња наутро на празен стомак
Овошје богато со антиоксиданси – природен заштитник на крвните садови
✅ Малини – богати со витамин Ц и антиоксиданти кои ги штитат крвните садови од оштетување. Салицилната киселина во малините спречува згрутчување на крвта.
✅ Црно грозје – содржи феноли и ресвератрол, моќни антиоксиданти кои го штитат срцевиот систем.
Како да ги внесувате?
- Додајте малини во појадок со јогурт и овес
- Јадете црно грозје како ужинка или направете свеж сок
- Направете антиоксидантна салата со грозје, ореви и фета сирење
Целозрнести житарки – за еластични крвни садови
✅ Интегрален двопек – содржи витамин Е, кој ја зголемува еластичноста на артериите и го спречува оштетувањето на срцевиот систем.
✅ Пченични ‘ркулци – богати со витамин Е и здрави масти, кои помагаат во спречување на насобирање на масти во артериите.
Како да ги јадете?
- Додајте пченични ‘ркулци во смути
- Намачкајте интегрален двопек со авокадо или хумус
- Користете ги во салати и супи
Омега-3 масни киселини – есенцијални за срцево здравје
Незаситените масни киселини Омега-3 и Омега-6 помагаат во намалување на воспаленијата, го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Но, повеќето луѓе внесуваат премногу Омега-6 во однос на Омега-3, што може да предизвика воспалителни процеси во телото.
Извори на Омега-3:
- Масна риба (лосос, скуша, сардина)
- Јаткасти плодови (ореви, ленено семе, чиа семе)
- Herbalifeline Max – додаток со Омега-3, витамин Е и морски липиди, идеален за заштита на срцето
Дополнителни совети за здраво срце
✔ Намалете го внесот на процесирана храна и шеќери
✔ Вежбајте барем 30 минути дневно (брзо одење, пливање, јога)
✔ Контролирајте го стресот преку медитација и техники за релаксација
✔ Пијте доволно вода за подобра циркулација
За персоналициран план на исхрана, контактирај нè.