Холандски научници го проучувале здравјето на жените кои живееле и гладувале кон крајот на Втората светска војна. Оние што внесувале 400 до 800 калории дневно имале 27% шанси повеќе да заболат од некое срцево заболување, подоцна во животот.
Ова е прв директен доказ дека исхраната во раното доба влијае врз здравјето во иднина. Холандското гладување помеѓу 1944. и 1945. година им дало на истражувачите единствена можност да ги проучуваат долгорочните ефекти на слабата исхранетост во детството и адолесценцијата.
Како што објави „Europian Heart Journal“, комбинацијата на фактори-пропаднати посеви, студени зими и војна-предизвикала масовна смрт помеѓу луѓето кои живееле на пазад на Холандија.
Жените, кои за време на војната имале помеѓу 10 и 17 години, се следени во 2007. година. Истражувачите од Универзитетот во Амстердам заклучиле дека оние што гладувале повеќе имале поголеми шанси за развој на некое срцево заболување подоцна во животот.
„Важна порака која можеме да ја извлечеме од ова истражување е луѓето да сфатат дека акутната неисхранетост на децата може лошо да влијае врз нивното здравје кога ќе пораснат“, изјави авторката на студијата Анет ван Абелен. „Не се важни само краткорочните последици. Дури и по 50 години постои поголем ризик од јавување на некоја срцева болест“.
„Иако не е сосема јасно кои промени во телото влијаат врз зголемен ризик од срцево заболување, истражувањето покажува дека нашата околина може долгорочно да влијае врз здравјето на нашето срце“, потенцира Викторија Тајлер, кардиолог.
Еве два стручни совета за тоа што да се јаде-при зголемени холестерол и триглицериди и при зголемен крвен притисок (хипертензија)
Холестеролот и триглицеридите претставуваат две форми на липиди (масти). Постојат два вида на холестерол: LDL „лош“ и HDL „добар“. Кога нивото на LDL холестеролот е висок, тој почнува да се лепи врз површината на крвните садови, ја забрзува артеросклерозата и ја намалува еластичноста на артериите. Поради стеснување на артериите може да настапи инфаркт или мозочен удар.
Освен холестеролот, на оштетување на срцето дејствуваат и зголемените триглицериди.
Што да се јаде?
Од млекото и млечните производи дозволени се посно млеко, јогурт, кисело млеко, кефир, посни сирења во мали количества, а се забранети полномасно млеко, овчо млеко, павлака, шлаг, путер, кајмак, полномасни сирења;
Oд јајцето
Дозволена е белката, а забранета жолчката;
Леб, пецива, тестенини
Дозволени се црн леб, `ржен, леб од цело зрно, проја, ориз, а забранети бел леб, лиснато тесто со путер и јајца, грицки, смоки, пецива;
Месо, риба, плодови од морето
Дозволени се сина и бела риба, мисиркино и пилешко месо, готвено говедско, телешко и јагнешко, дивеч, чадена шунка, пршута, пилешки нарезок, мисиркини гради, а забрането масно свинско, говедско, јагнешко, паштети, внатрешности, колбаси, салами, чварки, сланина, месни конзерви;
Зеленчук
Дозволени се сите видови на варен зеленчук, без маснотии, салати, соја и производи од соја, а е забранет компирот во сите форми;
Овошје
дозволени се јаболка, крушки, портокали, лимон, мандарини, дуњи, јагоди, малини, капини, боровница…, а не е дозволено да се конзумираат грозје, банани, смокви, урми, кандирано и сушено овошје, ореви, бадеми, лешници;
Од маслата и мастите
Дозволени маслиново, соино, пченкарно и сончогледово масло, а забранети маргарин, свинска маст, лој;
Зачини
Дозоволени се сите зачини, а се забранети мајонезот и кечапот;
Слатки
Дозволени се слатки со вештачки засладувачи, суви колачи без масти, а да не се јадат шеќер, мед, мармелада, џем, торти, колачи, пудинг, сладолед, чоколадо;
Пијалоци
Дозволени се чај и кафе без шеќер, минерална вода, природни сокови без шеќер, а се забранети сите алкохолни пијалоци, сокови од тетрапак, газирани сокови, какао и чоколадо.
Зголемениот крвен притисок (хипертензија) е најчестата болест на современиот човек. Се смета дека притисокот е зголемен ако е на 3 последователни мерења систолниот притисок поголем од 140 mmHg, а дијастолниот поголем од 90mmHg. Хипертензијата може да биде блага, умерена и тешка. Ако не се лечи, доведува до оштетување на срцето и крвните садови. Освен лекови, потребно е да се применат општи мерки- да се зголеми физичката активност, да се намали напнатоста и да се обрне внимание на исхраната.
Што треба да се јаде кога е зголемен крвниот притисок?
-Од млеко и млечни производи дозволени се посно млеко, јогурт, кисело млеко, младо несолено сирење, а забранети путер, кајмак, маргарин, полномасни сирења;
Јајца
Дозволена белката, а забранета жолчката;
Леб, пецива
Тестенини: дозволени се леб, тесто и слатки во мали количества, а забранети во поголеми;
Месо, риба
Плодови од морето: се препорачува посно и младо месо, живинско, телешко, јунешко, јагнешко и рибино месо, готвено и динстано; благи супи, немасни, од зеленчук и младо месо, а е забрането свинското месо, внатрешности, сувомеснати преработки и конзервирани продукти, потоа масни и зачинети чорби и супи;
Овошје и зеленчук
Дозволени овошје, зеленчук и салати во неограничени количества;
Масло и масти
Што помалку масла (како прелив, не за печено), без масти, а да се избегнува пржено и поховано, како и запршки;
Зачини
Се препорачува што е можно повеќе да се намали внесувањето на сол, лимон и киселина, а е забранет мајонезот;
Слатки
Дозволени се со вештачки засладувачи и суви колачи без масти, а се забранува шеќер, мед, мармелада, џем, торти, колачи, пудинг, сладолед, чоколадо;
Пијалоци
Дозволени овошни сокови без шеќер, благи чаеви, лимонада, слабо кафе два пати дневно. Течност по потреба (максимум 1799мл/ден). Пожелно е чаша црно вино дневно. Не е дозволена прекумерна употреба на алкохолни пијалоци.
Извор: Паноптикум
[title text=”Препорачани производи за здраво срце”]
-
Formula 1 шејк комплетен заменски оброк
2,958 ден – 3,099 ден Избери и додади во кошничка This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page -
Herbalifeline® Max – Омега-3
1,617 ден Додади во кошничка -
Решение за холестерол – Beta heart®
2,503 ден Додади во кошничка