СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Јога – рамнотежа на духот и телото

Јогата е повеќе од 3500 години старо учење, кое е утемелено во индиската култура и филозофија. Таа претставува комплексен состав кој ги обединува физичките вежби, техниките на дишење и медитацијата.

Изразот јога е составен од два збора на стариот индиски јазик, санскрит: yuj – што значи „соединување“ и ghan што се преведува како „надополнување“ (комплетирање). Основната цел на јогата е да ги спои душата, психата и телото во хармонија.

Јогата е погодна за сите луѓе, без оглед на возраста и моменталната психофизичка кондиција. Иако постојат многу различни видови и техники на јога, во западниот стил на живеење најчесто се применува Hatha јога.

Јогата е вештина на постигнување на равнотежа помеѓу духот и телото. Со целосно совладување на оваа техника на медитација се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува смирен и витален.

Јогата, која е позната уште од дамнесни времиња и ги надживеала многуте форми на рекреација, е се популарна, па скоро и да нема fitness центар или wellness центар кој не нуди некој од нејзините многубројни видови и техники.

Јогата релаксира и дава енергија, го намалува или отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот, вратот, ја намалува болката и ги отстранува пореметувањата во спиењето (пример несоницата).

Но, јогата е многу повеќе од само средство за одржување на психофизичка кондиција со физички вежби и вежби на дишење и опуштање. Таа учи како да се почитува и сака сопственото тело и дух и овозможува повторен контакт со самиот себе.

Позитивните ефекти од јогата

Позитивните ефекти од јогата навистина се бројни, а повеќето од нив се и научно потврдени. Таа го отстранува стресот, ја намалува болката, ги релаксира мускулите и зглобовите, го подобрува сонот и доведува до внатрешен мир и задоволство. Таа му дава енергија на телото, го јакне духот и психата, ја зголемува самодовербата и ја развива самосвеста. Јогата го јакне рбетот, мускулите, зглобовите и доведува до подобра еластичност и гипкост на телото.

Јогата влијае и на внатрешните органи подобрувајќи ја нивната функција, а посебно нивната прокрвеност. Таа го нормализира крвотокот и работата на срцето, го зајакнува и смирува нервниот систем, го забрзува елиминирањето на отровите од телото и го зајакнува имунолошкиот систем. Јогата ја подобрува и концентрацијата, памтењето и ги отстранува негативните мисли. Техниките на дишењето се многу важни при практикувањето на јогата. Кога ќе се совлада правилната техника на дишењето, дишењето само по себе станува правилно, па наместо плитко и забрзано дишење, човекот кој практикува јога, почнува да дише побавно и подлабоко, со што се овозможува подобра снабденост со кислород во целиот организам. Кожата станува свежа и еластична.

Вежбите поволно влијаат и на системот за варење и помагаат при различни пореметувања, како што се гастритис и запек.

При јога вежбите се трошат калории, се норамизира гладта и потребата за прекумерно внесување на храна, а со тоа се намалува и прекумерната тежина.

Иако јогата е наменета за сите, сепак посебно се препорачува кај лица со хроничен стрес и други психички пореметувања, со хронична болка, пореметувања на дишењето, на системот на варење и при висок крвен притисок.

Совети за тренинг

  • Пред да започнете со јога тренингот треба претходно да се консултирате со вашиот доктор.
  • Вежбите на јога треба да се совладуваат исклучиво со помош на јога инструктор.
  • Саканите ефекти можат да се постигнат само со редовно и доследно вежбање во подолг временски период, па затоа, најдобро е јогата да се практикува три пати неделно, 20- 30 минути, или уште подобро секој ден. Најдобри резултати се постигнуваат со секојдневно практикување на јогата десетина минути наутро или навечер.
  • Најдобро е јогата да се практикува секогаш во исто време, а изборот на времето ќе зависи од вашиот биоритам.
  • Пред тренингот немојте да јадете и пијте помалку течности. Најдобро е да помеѓу оброкот и вежбањето поминат најмалку два часа.
  • Вежбајте голи или во топли памучни чорапи и во лесна и удобна памучна облека.
  • Пред вежбањето загрејте во своето тело, на пример пет минути трчајте во место.
  • Вежбите изведувајте ги внимателно, одмерено, смирено, со посветување на посебно внимание на техниките на дишењето.
  • Не се форсирајте и не правите непотребни притисоци на телото, посебно не оние кои предизвикуваат болка додека се истегнувате. Мора при практикувањето на јогата да ви е пријатно, бидејќи во јогата до целта се доаѓа со мали и за телото корисни чекори, со други зборови, полека, но сигурно.
  • Додека вежбате вдишувајте и издишувајте длабоко и исклучиво преку нос. На тој начин воздухот што го вдишувате ќе биде прочистен, навлажнет и загреан.
  • Потењето за време на вежбањето е добар знак, особено кога се изведуваат динамични вежби кои ја забрзуваат циркулацијата и размената на материите во организмот.

Извор: rak.mk

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА