СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Како да ја ублажите гладта во текот на денот?

Чувството за глад често не го разликуваме со чувството за жед. И најчесто кога ќе ја почуствуваме гладта, ја ублажуваме со храна, а поретко со вода. Пренесуваме неколку видови храна кои многу често ги конзумираме при ова чувство.

ЈАБОЛКИ
Богати се со билни влакна кои му даваат на организмот ситост во подолг временски период. Бидејќи се богати со витамини и имаат овошен шеќер, ќе го спречат чувството на мачнина, нема да чувствувате дека стомакот ви е празен, а овошната киселина која јаболките ја содржат ќе помогне и да се свари храната која е претходно заостаната во желудникот, па нема да чувствувате подуваност во стомакот.

ЛЕНЕНО СЕМЕ
Одличен извор на здрави масни киселини. Ако го искомбинирате со јогурт или парче сирење со ниска масленост, може да биде одлична попладневна ужинка, богата со протеини.

КАФЕ
Доколку го пиете во умерени количини, кофеинот го стимулира централниот нервен систем, ја стимулира активноста на организмот, ја зголемува концентрацијата и го смирува чувството на глад.

ВОДА
Ако имате недостаток на течности во организмот, се јавува чувство на замор и поспаност. Луѓето за да ја вратат енергијата во такви моменти, бидејќи не можат точно да распознаат што му треба на организмот, посегаат по храна која ја стимулира енергијата и најчесто тоа треба да биде во поголема количина. За да се спречи ваквото чувство, пијте доволно вода во текот на целиот ден.

Да потсетиме што тоа значи:

  • Пијте вода константно во текот на целиот ден;
  • Пијте по неколку голтки на секои 10-15 минути;
  • и секако она што е најважно: количината на вода која на вас ќе ви одговара е 1 литар на 25 килограми телесна тежина. (Едноставно можете да ја одредите сами!)

Кога се кај водата, ние ви препорачуваме во текот на целиот ден заедно со водата да си конзумирате и природен инстант енергетски чај. Содржи многу малку калории, шеќери речиси и да нема, а вкусот е извонреден.

СУПА
Пилешката и зеленчуковата супа имаат многу ниска калорична вредност, а сепак делуваат благопријатно и заситуваат. Пилешкото месо ќе ги обезбеди неопходните протеини и енергија за организмот, а зеленчукот ќе ги даде неопходните витамини, минерали, билни влакна.

ЗОБНА КАША
Пребогата е со билни влакна и низок гликемиски индекс, кои во соодветна комбинација со овошје ќе ја смират гладта. Идеална комбинација за претпладневна ужинка!

ЛИСТЕСТ ЗЕЛЕНЧУК
Во оваа група би се вброиле марула, спанаќ, зелка, кинеска зелка….., пребогати се со хранливи материи, а содржат многу малку калории. Можете да ги искомбинирате со парче сирење со ниска масленост или варено јајце во салата и ќе бидат идеална вечера, која нема да ви го оптерети желудникот.

БАДЕМИ И ЛЕШНИЦИ
Висококалорични, содржат добри масти, протеини и јаглехидрати, поточно се она што ви треба во еден оброк. Но, внимавајте. Она што ви е потребно како дневна количина е само една ваша шака поеднинечно или во комбинација едното со другото.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content