Најбрзо слабеење или слабеење на сигурен начин

Сите сакаме најбрзо слабеење. Но ние едуцираме и практикуваме слабеење на сигурен начин. А тоа за нас е здраво, правилно, онолку долку колку е потребно за да се стопи вишокот сало, а да се изгради оптимална телесна композиција.

Клучот за брзо слабеење е промена на навиките во исхраната

Промената на навиките во исхраната е процес што трае најмалку 90-120 дена и тоа претставува клучен фактор за успех во губењето килограми и во трајното одржување на саканата тежина.

Главни причини за покачена тежина и за дебелина:

  • се јаде премногу
  • неурамнотежена исхрана
  • лоши навики во исхраната
  • премалку физичка активност
  • нарушувања во работата на метаболизмот
  • генетска условеност

6 фактори за сигурно слабеење и задржување на постигнатите резултати

  1. Бидете стрпливи. Потребни се неколку години за човек да се здебели. Исто така, и навиките во исхраната се создаваат со години. Затоа треба да бидете стрпливи. Ќе треба да минат неколку месеци за да ја постигнете својата цел – да го изгубите вишокот килограми и да го задржите постигнатиот резултат.
  2. Промена во навиките во исхраната. Нашите клиенти често тргнуваат со идејата „да го нападнат вишокот килограми“. Таквиот напад обично почнува в понеделник и се завршува в петок и нема никаква врска со нашиот далекосежен процес на менување на навиките во исхраната и на метаболизмот.
    Ако сакате да ги смените навиките во исхраната, морате стриктно да се придржувате кон правилата на Програмата за намалување на тежината препорачана од нашите тренери во временски период од 90 до 120 дена. За тоа време ваша „работа“ е – да соработувате со својот тренер. Тоа е клучот на вашиот успех.
  3. Помошта на тренерот. На повеќето луѓе што сакаат да го изгубат вишокот килограми и да го задржат постигнатиот резултат потребна им е помош од тренер или од стручно лице. Без таа помош, тие ќе се откажат од програмата.
  4. Временски период потребен за да се изгуби вишокот тежина. Оптимално во просек се намалува по 3-5 килограми месечно. Ако имате вишок од 30 килограми, тогаш програмата за намалување на вишокот телесна тежина ќе треба да ја применувате најмалку 6 месеци.
  5. Временски период потребен за одржување на постигнатата тежина. Кога ќе го симнете вишокот килограми, треба да научите да ја контролирате и да ја задржите постигнатата тежина. За таа цел програмата за одржување на тежината морате да ја користите уште 6 месеци без да се враќате на старите навики во исхраната.
    Еднаш неделно контролирајте ги тежината и обемите и останете во контакт со својот тренер. Програмата за одржување на тежината ќе им овозможи на вашето тело и на метаболизмот да ја „заборават“ старата и да ја „меморираат“ вашата нова тежина и новите навики во исхраната.
  6. Формула на успехот. За успешно да го изгубите вишокот килограми и да го задржите постигнатиот резултат треба да бидете стрпливи и да ја примените следната формула:

Вишокот килограми поделен со 4 кг месечно = бројот месеци што ви се потребни за успешна примена на Програмата за губење тежина.
За задржување на постигнатиот резултат потребно е исто толку време да се применува Програмата за одржување на телесната тежина.

Пример: имате вишок од 20 кг. Потребни ви се околу 5 месеци за да го отстраните вишокот килограми и уште 5 месеци за да ги задржите постигнатите резултати.

Овие совети ќе ви помогнат да ја намалите прекумерната тежина, да ги смените навиките во исхраната, да научите да ја контролирате и да ја задржите саканата телесна тежина и да научите што треба да правите за да се чувствувате одлично и никогаш веќе да не се здебелите.

 

Related posts