11 бенефити од аронија (Chokberry, Aronia Berry) – видео

Аронијата (Aronia melanocarpa), или полесно за пронаоѓање на интернет како Chokeberry, Aronia Berry, Black chokeberry, Apfelbeer, Svartaronia, Kahle Apfelbeere, потекнува од северо-источна Америка, источна Канада и источните делови на Северна Америка. Преселена е од Европа и Германија во Русија, околу 1900-тата година. Во последно време најмногу е одгледувана во Германија и источно-европските држави.

Аронијата е повеќегодишно цветно ратение од семејството Rosaceae со црни, виолетиви или црвени сјајни зрна. Најдобро расте и се одржува во во добро исцедена почва.

Аронијата е грмушка која достигнува височина од 1.2-2.5 метри, со прекрасни темно зелени лисја. Цветот и плодот се офрмуваат од јули до август. Цветовите се бели и имаат пет ливчиња. Плодовите се со големина на зрно од грашок. Аронијата има повеќегодишен животен век, од 40-60 години. Во еден куп има и до 30 зрна.

Нутритивна вредност и состав на аронијата

100 грама на аронија содржи 26,26% манган, 23,33% витамин Ц, 13,95% од вкупните диетални влакна, 7,80% витамин Е, 7,75% железо, 7,38% јаглени хидрати, 6,25% витамин Б9, 4,82% цинк, 4,76% магнезиум, 3,45% калиум, 3% калциум, 2,80% протеини, 1,43% од вкупните маст и 0,07% натриум.

Бенефити за здравјето од аронијата

Истражувањата покажуваат дека аронијата е богата со антиоксиданти кои пак ги спречуваат оксидација на клетките од слободните радикали. Во 100 гр аронија се наоѓаат околу 1480 мг антоцијанин и 1752 мг полифенол. Антоцијанинот обезбедува темно виолетова боја на аронијата. Истражувањето направено за антоцијанинот од аронијата покажува дека во 100 видови на храна во само 24 се пронаоѓа антоцијанинот. Истражувањата исто така покажуваат дека арониите спречуваат кардиоваскуларни заболувања, рак, чиреви, дијабетес, воспаление на очите, болки во зглобовите, заболувања на црниот дроб, грип, настинки и алергии. Ја подобрува меморијата, го забавува процесот на стареење и ја зајакнува опшата благосостојба.

Аронијата ја подобрува цирклуацијата на крвта, ги подобрува крвните садови и ги спречува вирусите. Делува антивоспалително, антиоксидантно и антиканцерогено што влијае позитивно на целото здравје. Исто така, спречува кардиоваскуларни заболувања, како и карциноми. Најчесто има кисел и горчлив вкус сличен на боровинките, но добро созреана аронија има благ вкус.

Помага во слабеење / намалување на тежината

Аронијата содржи мала количина на масти и многу малку калории, но е богата со диетални влакна и хранливи материи. Помага да останеме здрави без вишок на килограми.

Помага во варењето на храната

Аронијата е богата со диетални влакна кои помагаат во варењето на храната со што лесно се пренесува храната преку цревата. Влакната помагаат во лесна преработка на храната што спречува појава на дијареа, запека, надуеност, грчеви и непријатност во стомакот. Аронијата ги спречува штетните бактерии во цревата заради присуството на антиоксидантни и имунолошки зајакнувачки својства

Антиоксидантни својства

Постојат различни антиоксидантни својства во аронијата. Поседува кофеинска киселина, кверцетин, малвидин, епикатехин, каротин и зеа-ксантин. Присуството на антиоксидантни својства го подобрува целокупното здравје со искоренување на слободни радикали од очите, кожата, крвотокот, ткивата и органите. Слободните радикали доведуваат до мутација на здрави клетки. Аронијата содржи импресивни својства на флавоноид и антоцијанин.

Го спречува ракот

Истражувањата покажуваат дека присуството на антоцијанин во аронијата помага да се намалат шансите за рак на дебелото црево. Аронијата спречува разни форми на рак.

Когнитивни заболувања

Слободните радикали делуваат штетно дури и на мозокот. Присуството на антоцијанини во аронијата е поврзано со зголемувањето на активностите на нервните патеки на мозокот и исто така со понискиот оксидативен стрес во мозокот. Ги намалува шансите за деменција, Алцхајмерова болест и когнитивни заболувања.

Имунитет

Аронијата е полна со антиоксиданти поради присуство на соодветна количина на витамин Ц што помага да се регулираат активностите на белите крвни клетки. WBC е од витално значење за производство на колаген. Колагенот е неопходен за поправка и раст на нови органи, ткива, клетки и крвни садови.

Заболувања на очите

Аронијата содржи каротени кои помагаат да се намали оксидативниот стрес во очите. Исто така ги спречува шансите за макуларна дегенерација и го спречува развојот на катаракта. Каротин е антиоксиданс кој се наоѓа во значителна количина во зрната од аронија.

Заболувања на кожата

Аронијата го подобрува здравјето на кожата, како и изгледот. Поради присуството на оксидативен стрес, кожата старее, се појаувваат возрасни дамки, брчки, се појавуваат лузни и флеки. Антиоксидансите кои се наоѓаат во зрната од аронија ги спречуваат ваквите појави. Помага при затегнување на кожата.

Здравјето на срцето и високиот крвен притисок

Аронијата е богата со калиум што е здраво за срцето. Калиумот делува како вазодилататор кој овозможува ослободување од стресот на кардиоваскуларниот систем. Тоа помага да се релаксираат артериите, крвните садови, капките на крвниот притисок, да се зголеми протокот на крв и да се намали ризикот од мозочен удар и срцев удар. Антиоксидансите и диеталните влакна се неопходни за да се намали нивото на холестерол и да се елиминираат слободните радикали.

Антибактериски својства

Истражувањата покажуваат дека аронијата има директен ефект врз инфекции на цревата, вообичаени инфекции на грип и респираторниот тракт.

Спречува дијабетес

Диететските влакна кои се наоѓаат во аронијата се поврзани со подобрување на регулацијата на инсулин што помага да се нормализира нивото на шеќер во крвта, спречува капки и шила што можат да бидат штетни за пациентите со дијабетис. Овие зрна од аронија помагаат да се спречат болести.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=185&v=Bhwr5_O9UlY

Извор: HealthBenefits

Related posts