Редовното користење на маслиново и рибино масло се одлични за срцето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Ова го покажале резултатите од една студија спроведена од Градскиот институт за медицински истражувања од Барселона.
Студијата покажала и дека тие својства на маслиновото масло се резултат не само на монозаситените маснотии што тоа ги содржи, туку и на растителните состојки со антиоксидативни својства наречени полифеноли.
Потврда и од Австралија за маслиново и рибино масло
Консумирањето на масни киселини со рибино потекло во комбинација со умерено вежбање го олеснува намалувањето на телесната тежина, сметаат австралиски научници.
Тие утврдиле дека дневните дози на рибино масло, кое содржи омега-3 масни киселини, го подобруваат согорувањето на маснотиите во организмот поради тоа што го подобруваат протокот на крвта кон мускулите за време на вежбањето.
Во истражувањето што траело 3 месеци учествувале 68-мина испитаници со голема телесна тежина. Тие биле поделени во 4 групи. Испитаниците од првата група секој ден добивале помали дози на рибино масло. A од втората група добивале сончогледово масло (кое не содржи омега-3 масни киселини). И од едните и од другите се барало да имаат умерена физичка активност – три пати неделно оделе по 45 минути или трчале.
Испитаниците од третата група исто така добивале рибино масло, а од четвртата сончогледово масло, но ниту од едните ниту од другите не се барало да бидат физички активни.
Што се случило после 3 месеци во истражувањето ?
По 3 месеци е утврдено дека испитаниците од првата група во просек ослабеле по два килограма, додека тие од останатите три групи воопшто не ослабеле.
„Бевме многу изненадени од ефикасноста на комбинацијата на омега-3 масните киселини и физичката активност бидејќи тие луѓе практично јадеа што сакаа, изјави Алисон Хил“, професор на Универзитетот.
Резултатите од едно 6-годишно истражување спроведено на Универзитетскиот медицински центар Раш од Чикаго покажале дека омега-3 масните киселини го подобруваат функционирањето на мозокот, го намалуваат ризикот од мозочен удар и го забавуваат негативното влијание на стареењето на мозокот.
Уште нешто поврзано со рибино масло и витамин Д
Истражувањето на американски научници покажало дека витаминот Д може значително да го намали ризикот од појава на рак на панкреасот. Учествувале повеќе од 120.000 испитаници. Научниците утврдиле дека лицата кои дневно внесуваат 400 милиграми витамин Д имаат за 43% помал ризик од појава на рак на панкреасот. Лицата кои секој ден внесуваат помалку од 150 милиграми од тој витамин имаат за 22% помал ризик, додаваат научниците.
Познато е дека во подрачјата со голема изложеност на сончеви зраци помал е ризикот за појава на различни карциноми, вклучувајќи го ракот на дојката и ракот на дебелото црево, а намалена е и смртноста од тие болести.
Маслиново и рибино масло, и витамин Д
Витаминот Д е клучен за здравјето на коските поради тоа што на организмот му помага при апсорпција на калциумот од исхраната.
Витаминот Д го има во млечните производи и рибиното масло, а го произведува и кожата по изложеност на сончеви зраци.
Масните киселини омега-3, што ги има во рибата, можат да придонесат за намалување на вишокот на килограми, доколку се користат секој ден и во комбинација со умерена физичка активност, тврдат експертите од Универзитетот во Јужна Австралија.
Извор: Паноптикум
Дај си поддршка на својот мозок, своето срце, својот вид.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.