Нетолерантност кон лактоза – симптоми

Нетолерантноста кон лактоза често се меша со алергијата кон млеко и млечни производи, но тоа не е исто. Нетолерантноста кон лактоза е неможност на организмот да ги вари (обработува, процесира) млечните производи и денес е една од најчестите физички состојби кои ги погодуваат луѓето.

Луѓето не можат да ја апсорбираат лактозата како извор на калории, освен ако прво не ја разбијат на моносахаридни шеќери: гликоза и галактоза. Ова се постигнува со помош на делување на ензимот лактаза, кој е задолжен за разбивање на лактозата. Како луѓето стареат, така, кај повеќето, се намалува способноста да произведуваат лактаза. Понекогаш доаѓа и до точка кога нивниот организам не може да се справи со целата лактоза која се внесува преку храната.

Нетолерантноста кон лактоза е наследна и може да се пренесува од генерација на генерација, без да има влијание на било кој освен вас. Во Америка меѓу 30 и 50 милиони Американци се нетолерантни кон лактоза, а одредени етнички и расни групи се различно подложни на овој недостаток.

Недостаток на лактоза кај возрасни лица припадници на одредени етнички групи:

Етнички групи Процент на нетолерантност кон лактоза
Африкански црнци 95%
Индијанци 90%
Азијци 90%
Северноамерикански црнци 75%
Мексиканци 75%
Медитеранци 60%
Северноамерикански белци 15%

Симптоми на нетолерантност кон лактоза

Овие симптоми може да се полесни или потешки, зависно од степеност на недостаток на лактаза и количината на лактозен шеќер кој се конзумира. Симптомите на лактоза може да започнат за само 15-тина минути, но може и да се појават после еден час. Класичните симптоми се подуваност во стомакот, болка проследена со грчеви и подуваност.

Нема третман кој би можел да помогне да се поттикне организмот да произведува лактаза, но симптомите за нетолерантност кон лактоза може да се контролираат преку начинот на исхрана. Нивото на контрола на храната која се конзумира за случаи со нетолерантност кон лактоза, зависи од тоа која количина на лактоза телото на индивидуата може да го поднесе.

Исто како и кај алергијата кон млекото и кај овие луѓе треба да се внимава да внесуваат доволно калциум на друг начин, за да се задоволат дневните потреби на оганизмот, а сепак тоа да не биде преку продукти богати со лактоза.

Related posts