СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Што да јадам на пауза на работа ?

Вообичаена рутина на работа, на сечие работно место е јадење на пауза. За сите кои одат на работа во една смена, од 8 до 16 ч. на пример, овој оброк го нарекуваат ручек. А тоа веќе правилно треба да е втор па дури и трет оброк. Да речеме, се будиш во 6 ч. па до паузата си потрошил 4-5 часа во кои веќе поминал појадокот, па и ужинката.

Ок, паузата е ручек. И најчесто, муабетот меѓу колегите стартува кај 9:30 со клучното прашање на претпладнето: Што ќе јадеме денес ? Што ќе порачуваме ?
И зошто токму тогаш ? Бидејќи сме прегладнети. Сме го прескокнале појадокот. Веројатно и вода сме заборавиле да се напиеме, но кафето гарант сме го џапнале.

И почнува истрагата по сајтови, по прекрасни фотки од разноразни оброци. Речиси секогаш примамува добрата фотка, а потврдата ја бараме во „составот“ на оброкот. Добро де, што има во тоа што ќе го купиме. Притоа, не внимаваме на калориите и видот на нутриенти во нив, бидејќи купуваме вкус, бираме вкус, замислуваме вкус.

Купечката храна е преполна со калории и скапа

И тој оброк е меѓу 100 и 200, па и 300 денари. Најефтиното е некоја салатка во која има изобилие од марула, по некој залутан домат, масло, оцет, и … И уште нешто ситно.
Или пак, она поскапото, најчесто тестенини со сосеви, можеби пилешко во кари сос, итн.
Добро, ќе заборавев: бурек со јогурт или ѓеврек со јогурт е секогаш опцијата број 1, се додека не се подуеме во стомакот па самата помисла на вкусот и изборот ни е бр. 1 лошо чувство и самообвинување.
Па на ова ќе се додаде и некое благце. Па уште едно кафенце.

Речиси сите вакви оброци се многу калорични. Ок, освен салатите. Но салатата е ужинка или додаток на оброкот. Ретко е оброк.

И единствената работа која не прави среќни, со овој оброк, е што сме најадени, како и колегите. Не сме останале гладни, сме џапнале за да го наполниме стомакот.

Препораки

Батали купечка храна. Доволно се оправдуваме со изговорот на „динамично време“, „се нема време за спремање оброци“, „исто ми е дали ќе купам или ќе правам дома“. Зошто ?

Секој си го знае својот ден, што ќе прави од будење до заспивање. Во најголем дел познати ни се обврските кои ги имаме, па лесно е да испланираме што и кога ќе јадеме. Исто како што ги планираме и останатите обврски во денот. И оброците се обврска ! Најважна.

Доколку работиш физичка работа, овој оброк на пауза на работа треба да е комплетен, со протеини, витамини, минерали, и повеќе јаглехидрати.
Ако работиш во канцеларија, немаш многу движење, тогаш конзумирај оброк со минимум јаглехидрати.
Фокусот или концетрацијата-енергијата зголемувај ја секогаш со конзумација на зелен чај со лимон, ѓумбир, и понекогаш додади и мед. Батали го кафето, особено ако не пиеш доволно и правилно вода во текот на денот.

А што ако вистински немаш време за спремање на оброци и не можеш да си го испланираш денот со оброци ?

Еве решение:

Веднаш по будењето пиеш 1 часа вода, 1 часа чалоја (Thermojetics чај, Алоја), и шејк. Тоа ти е појадокот.
За ужинката-оброкот за време на пауза на работа, земи си 1-2 парчиња овошје со шака јаткасти плодови.
И ако ти фали уште нешто за до ручекот дома, земи си овесна каша со вкус на јаболко и цимет растворена во вода.

Пренесете го и вашето искуство. Оставете коментар како вие си го организирате денот со оброци. Која е вашата совршена диета ? И што јадете најчесто на пауза на работа ?

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА