СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Светски проблем: дебелината

Тренд кој постои со години е прекумерната телесна тежина. Преку 1,6 милијарди луѓе во светот денеска имаат прекумерна телесна тежина, а од нив повеќе од 400 милиони се со покачени маснотии во крвта. Сигурно не сакаш да бидеш дел од овие бројки. Еве ти предлог како да не бидеш надвор од статистиката.

Факти за прекумерната тежина и дебелината

Некои од последните проценки на Светската Здравствена Организација (СЗО / WHO) кои се однесуваат на последните податоци од 2016 г.:

  • Повеќе од 1.9 милијарди луѓе на возраст над 18 години беа со прекумерна телесна тежина. Од нив, повеќе од 650 милиони беа дебели луѓе. 39% од нив (од кои 39% мажи, 40% жени) беа со прекумерна телесна тежина.
  • Околу 13% од целата светска возрасна популација (11% од нив мажи а 15% жени) беа дебели.
  • Бројот на дебели луѓе, споредувајќи ги 1975-тата и 2016-тата година, е речиси трипати поголем.
  • Поголемиот дел од луѓето во светот живеат во држави каде прекумерната тежина и дебелината се причина за поголема смртност за разлика од земјите каде луѓето се со помала тежина или изгладнетите.
  • 41 милиони деца на возраст под 5 години биле со прекумерна телесна тежина односно дебели.
  • Преку 340 милиони деца и возрасни на возраст од 5-19 години се со прекумерна тежина или дебели.

Дебелината може да се спречи!

2 клучни тренда кои се основна причина за прекумерна телесна тежина и дебелина

Основната причина за дебелината и прекумерната тежина е енергетската нерамнотежа помеѓу внесените калории и потрошените калории. Со други зборови, повеќе внесуваме храна (а храната е енергија) отколку што ја трошиме.

На глобално ниво:

  • Прв тренд е конзумирање на храна со многу енергија полна со масти;
  • Втор тренд е зголемување на физичка неактивност како резултат на зголемено седење на работните места или училиштата, промени на начините на патување и зголемување на „урбанизацијата“.

Со други зборови, станавме мрзливи, не се движиме, физички сме неактивни. А храната е достапна насекаде, најчесто тоа е храна со огромни количини на калории т.е. енергија кои заради начинот на живот (пред се седење, лежење и недоволно движење) се основна причина за складирање на неискористената храна во тежина.
И така се дебелееме.

Секако, и други фактори влијаат на трендот на дебелеењето, но промените во начинот на исхрана и физичката (не)активност се клучните 2 фактори. А тие најчесто се резултат на промените во „системот“ на живеење кој пред се има недостатоци на добри политики во здравстгвото, земјоделствоо, транспортот, урбаното планирање, животната средина, обработка на храната, трговијата, маркетингот и едукацијата.

BMI индекс за проверка на својата тежина

BMI индексот е едноставна математичка формула за да секој си провери дали тежината е ок. Искористете го нашиот калкулатор поставен на нашиов сајт десно, или користете ја следната формула за да си го пресметате својот BMI (тежина-во-килограми поделенa со висината во метри на квадрат (kg/m2) ).

Ние велиме, ок, BMI ни кажува блиц информација, многу подобра од информацијата од вагата – колку сме тешки. Но, клучно е да знаеме од што е составена нашата тежина, колку од тежината отпаѓа на масти, мускули, коски, вода.

Што е нормален BMI ? За возрасни, ако BMI е помало или еднакво на 25, тогаш тежината е потаман. Ако е повеќе од 25, тогаш имате прекумерна телесна тежина. А ако BMI ви е 30 или повеќе, тогаш сте дебели, сте ја претерале. Голем BMI, оној над 30, е ризик фактор за следните болести:

  • кардиоваскуларни заболувања (главно срцеви заболувања и мозочен удар) кои беа водечка причина за смрт во 2012 г.,
  • диабетес,
  • мускулно-скелетни нарушувања (особено остеоартритис-високо рангирана дегенеративна болест на зглобовите),
  • некои карциноми (рак на дојка, јајници, простата, црн дроб, жолчно кесе, бубрези и дебело црево).

Ризкикот од овие незаразни болести се зголемува со зголемувањето на BMI. 

Дебелината во детството е предуслов за дебелина, предвремена смрт и инвалидитет во зрелите години, како и појава на фрактури, хипертензија, рано појавување на кардиоваскуларни заболувања, отпорност на инсулин и психолошки нарушувања.

Како да се спречат последиците ?

  • Ограничете го внесот на храната чија енергија доаѓа од поголеми количини на масти и шеќери;
  • Зголемете внес на овошје и зеленчук, како и зеленчук, интегрални житарки и коскести продукти (ореви, лешници, бадеми,, …); и
  • Вклучете секојдневна физичка активност (60 минути дневно за деца и 150 минути за возрасни распредели преку целата неделата).

Лична одговорност

Личната одговорност ќе се создаде или ќе постои таму каде имаме пристап до опции за здрав начин на живот. Затоа е важно да ги искористиме акциите кои ги организираат тимови и групи како нашиот, кои овозможуваат средина каде е возможно да се поттикне одлука на секој поединец да започне со практикување на добрите навики, а со време, во текот на процесот на промени, да ги прифати новите навики.

Да не бараме одговорност во општеството, во законските системи. Тоа се процеси кои не зависат од нас. Спротивно, со нашата промена можеме да предизвикаме побргу да се случат. А додека се случат, ние ќе ја направиме промената која ќе биде пример и инспирација за луѓето околу нас.

Индустријата за производство на храна може да влијае преку своите процеси на производство на храна. Но не очекуваме дека тоа бргу ќе се случи. Се работи за бизнис. Ние, како потрошувачи, одлучуваме што ќе користиме, што ќе избереме за сопствена храна, што ќе купиме во продавниците.

Како да си помогнеме ?

Во целото море на информации достапни преку Интернет, речиси секој од нас е изгубен во проба на диети, читање на проверени и непроврени совети, со еден збор експериментирање. И ако тоа функционираше, бројките немаше да бидат какви што се. И ние немаше да бидеме какви сме, со навиките кои ги имаме.

Решението е:
Индивидуализирана исхрана според своите дневни потреби

И што треба сега да направиш ?

Ние сме тука да ти помогнеме. Сме обучени, и постојано се доусовршуваме за да помогнеме секому со прекумерна телесна тежина. Нашите резултати во оваа галерија се еден мал дел од нашите клиенти кои направија промени. Ова се лични искуства со слабеење. Секое искуство е само за себе свој резултат. Не постои еден и единствен загарантиран начин на слабеење и постивнување на резултат.

Нашата соработка е пропратена со совети, препораки, поддршка, преку цел систем кој функционира повеќе од 40 години во преку 100 земји во светот.

Нашите тренери за исхрана ќе ти помогнат во стартот на промените на твоите навики. Неопходни ти се на старт, за да си потврдиш дека си на прав пат. А ти стојат на располагање секогаш за било што врзано со исхраната. Нашите тренери се твои лични „ментори“ за твојата подобра исхрана.  

Јави се тука, или пополни формулар за изработка на твој детален велнес профил, или прати ни порака. Ќе те контактираме и ќе договориме се што е потребно за да ти помогнеме во правење на резултат.

Извор: СЗО

Избери ја брзината на својата промена:

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА