8 совети за стабилен крвен притисок

Доколку притисокот се мери со апарат со живин столб, вредноста 120/80 означува дека високиот (систоличниот) притисок е 120 мм живин столб, а нискиот (дијастоличен) има вредност од 80 мм живин столб. Вредностите на крвниот притисок се менуваат под влијание на различни внатрешни и надворешни фактори, на пример: хормонални промени, физички напор, промена на емотивната состојба, болка, итн. Доколку ви се извршени неколку мерења со вредност над 120/80, веројатно страдате од висок крвен притисок (прехипертензија или хипертензија):
  • Прехипертензија – вредности меѓу 120/80 и 139/89
  • Прва фаза на хипертензија – вредности меѓу 140/90 и 159/99
  • Втора фаза на хипертензија – вредности над 160/100
Колку се поголеми вредностите на крвниот притисок, толку е поголем ризикот од инфаркт и други сериозни здравствени нарушувања.

Како да го држите притисокот под контрола?

  1. Одржувајте здрава телесна тежина.
  2. Користете храна која содржи ниски нивоа на масти и холестерол, избегнувајте црвено месо и рафинирани шеќери.
  3. Внесувајте доволно зеленчук и овошје, како и млечни производи со ниска масленост.
  4. Помалку сол во исхраната.
  5. Намалете внес на кофеин.
  6. Омега 3 масните киселини се одлични во борбата против лошиот холестерол.
  7. Бидете физички активни и одете редовно на лекарски прегледи.
  8. Доколку користите лекови за регулирање на крвниот притисок, задолжително следете ги упатставата за нивно користење. Започнатата терапија не треба да се прекинува во ниеден друг случај, освен ако тоа не ви го дозволи лекар.
Ви препорачуваме Омега 3 – Herbalifeline Max од Herbalife Nutrition.

Related posts