Кога сме тинејџери, денот можеме да го поминеме на пица, чипс и брза храна без многу да размислуваме. Како доаѓаме на факултет и понатаму во животот, храната ни станува сè поважна. Еве неколку клучни работи (и совети за нутриенти) што ќе ви помогнат да останете здрави и на 20, и на 30, и на 40 години, и понатаму.
Во 50-тите: Внесувајте повеќе растителни влакна
Според Националниот институт за здравје на белите дробови и крвта, по 55-тата година кај жените се зголемува ризикот од срцева болест.
Некои есенцијални нутриенти: Омега-3 и Б12. Студии покажуваат дека од 10-30 % од луѓето на возраст над 50 години имаат намалена способност да го апсорбираат витаминот Б12 од храната. Земете предвид додаток на исхраната со Б12.
Зголемете го внесот на омега-3 масни киселини. Омега-3 може да внесувате преку масна риба како што е лососот, кој е богат со EPA и DHA омега-3 масни киселини. Оревите и меленото ленено семе се богати со ALA.
Препорачаниот дневен внес на растителни влакна е 25g на ден.
Во 60-тите и подоцнежните години: Останете активни
Кога децата ви се заминати од дома и имате помалку домашни задачи, добивате повеќе време да уживате во животот. Користете го тоа време за да научите некој нов јазик, за да посетувате часови по танцување, да одите на состаноци со својот партнер, итн. Што и да правите, редовно вежбајте и консултирајте се со својот доктор пред да земете предвид енергични кардио-тренинзи или тренинзи со вежби со голем напор.
Дали јадете доволно? Лековите, побавниот метаболизам, промената во сетилото за вкус и други фактори може да придонесат во шеесеттите години и во подоцнежните години да го загубите апетитот. Важно е да се фокусирате на правилна исхрана и како да експериментирате со различни видови храна. Може, на пример, да ги споделувате оброците со пријателите. Ако е потребно, вметнете и напитоци како заменски оброци.
Извор: Herbalife Today
- MMWR (2013) 62(20), 24 мај.
- IoM. Washington, DC: National Academy Press, 2010
- Das et al., Ann. N.Y. Acad. Sci (2017) 1393: 21–33
- Wilkinson, Piasecki & Atherton. Aging Research Reviews [Рецензии на истражувања за стареењето] (2018) 47: 123-132
Провери за исхраната во другите децении од животот:
Дај си поддршка на својот мозок, своето срце, својот вид.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.