Просек. Под и над? Каде си Ти?

Летово е одлично динамично. Ова лето е многу различно од било кое досега. По што? По многу нешта!

Во последниве 20 дена видов многу, прошетав, слушнав, осетив, научив. Што?

Видов многу просечни и надпросечни. Забележав која е разликата во животниот стил. Каков е начинот на однесување, разговор, дружење, забавување. Можев да споредам. Дефинитивно, има што да се смени за да ни биде подобро.

Лесно е да бидеш дел од просекот. Кога си со него и во него, не осеќаш разлика или пак разликите се мали. И не бараш друго, освен да останеш каде си. Убаво Ти е, се чувствуваш сигурно. Можеби задоволството од животот и не е така добро, но ете, не може подобро. Дали вреди целиот живот да се помине просечно?

Ако сонуваш, тогаш не си дел од просекот. Тогаш имаш енергија, волја, сопствена мотивација, визија, што и како и кога и со кого да направиш, за да се качиш над просекот. Заради Твоите соништа. Ако доследно го следиш сопствениот пат, не дозволуваш просечноста да Ти ги уништи соништата, работиш дисциплинирано, организирано, совесно и со посебен однос кон сопственото време, тогаш ќе успееш.

Под просек не можеш да бидеш. Ако си, овој текст не очекувам дека ќе го разбереш.

Ако си во просекот, потруди се да ја разбереш поентата на оваа животна филозофија.

За Тебе, кој си над просекот, Ти честитам. Ти си вистинскиот човек кој знае што сака, и прави се за да биде надпросечен – по секоја цена!

Related posts