Се за протеинските шејкови, дел 1

-Сакам јас се природно! Живеам на село и све што јадеме дома е наше производоство. Не сакам јас шејкови вештачки, сакам само природно – вели таа.-Блазе си ти. Но колку се како тебе? А тоа што го јадеш, го проверувате, по лаборатории, со сертификати е ? Ја контролирате почвата, воздухот, водата – каде ја произведувате храната ?- Па не. Ама знаеш, вкусот на нашата храна, со купечка не е ист.

И разговоров траеше многу долго, меѓу нас и наш клиент. И уште еднаш се соочивме со многу заблуди, што се резултат на незнаење, неучење, нерезонирање на секојдневието и времето во кое живееме денес, со динамиката и општественото уредување кое го практикуваме. Како ние размислуваме за ова погоре, во друг пост.

Сега пренесуваме информации од врвниот светски нутриционист Сузана Бауерман, M.S., RD, CSSD, CSOWM, FAND-Director, Worldwide Nutrition Education and Training.

Брз, урамнотежен оброк

Протеинските шејкови наменети да заменуваат оброк се одлични за луѓето што прескокнуваат оброци. Се прават брзо и лесно и ни обезбедуваат урамнотежена исхрана кога времето за приготвување оброци ни е ограничено.

За зголемување на протеинскиот внес

Уште една причина зошто да пиеме протеински шејк е за да го зголемиме вкупниот протеински внес во текот на денот ако ни е тешко да ги задоволиме потребите од протеин само со оброците. Кога сами си ги приготвуваме протеинските шејкови, може да си ја одредиме количината протеин во шејкот според индивидуалните потреби.

Гориво пред и по вежбање

Многу луѓе пијат протеински шејкови по тренинг, но шејковите се корисни оброци и пред тренинг. Оние што вежбаат наутро најчесто сакаат „да си го наполнат резервоарот“ со лесен оброк, па протеинските шејкови се токму тоа што им треба.

За подобра рамнотежа во исхраната

Протеинскиот шејк е како празно сликарско платно. Може да му додаваме секакви состојки што ќе ни помогнат да ги задоволиме дневните потреби во исхраната. Многу е лесно, само додадаваме една порција овошје или зеленчук, а со соодветни додатоци може да си го зголемиме и внесот на растителни влакна или здрави масти.

Заменски оброк што придонесува за намалување на телесната тежина

Оние што се обидуваат да ја намалат телесната тежина, еден или два оброка во денот може да заменат со шејк како заменски оброк за регулирање на тежината. Покрај тоа што се практични, протеинските шејкови што служат како заменски оброк содржат ограничен број калории во една порција, па така полесно се контролира вкупниот број калории што се внесуваат во текот на денот.

За регулирање на тежината: Таа може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедеме два заменски оброци. За одржува оптимална тежина – исхрана со ограничен внес на калории во која наместно еден класичен оброк ќе изедеме заменски оброк што помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината.

Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедеме два заменски оброци.

Related posts