Барате деловна можност која ќе ви го смени животот? Откријте зошто милиони луѓе ширум светот се занимаваат токму со ова

Herbalife Nutrition нуди деловна можност и за мажи и за жени што им овозможува да остваруваат дополнителен приход и притоа да им помагаат на своите клиенти и заедници да водат здрав, активен начин на живот.

Еве неколку причини зошто нашата деловна можност е толку привлечна и зошто толку многу луѓе го избираат Herbalife Nutrition:

Имаат можност да остваруваат дополнителен приход

Не е секој подготвен да почне сопствен бизнис со полно работно време. Голем дел сакаат да си ја задржат работата со стандардно работно време, а покрај тоа да разгледаат дополнителни деловни можности за да си го зголемат приходот. Независните Дистрибутери што работат вредно и вложуваат труд континуирано може да го искористат дополнителниот приход за да си ги платат сметките или за семејни одмори.

„Одреден дел од дополнителниот приход што го остварувам го вложувам во школувањето на мојот петгодишен син. Му овозможувам да се стекне со најдоброто можно образование што може да го добие.“* Татијана Томас, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Многу луѓе го водат својот Herbalife Nutrition бизнис хонорарно поради флексибилноста што ја нуди. Може да заработат дополнителен приход додека во одреден дел од своето слободно време се посветени да им помагаат на луѓето да бидат поздрави.

„Работам како логопед. Благодарение на дополнителниот приход што го остварувам, поминувам повеќе време со моите деца и им помагам во училишните активности.“* – Теодора Анагностакос, Herbalife Nutrition Дистрибутер

*Приходот се однесува на наведеното лице и не е типичен. За да се постигнат резултати потребни се вештини и постојана работа.

delovna moznost Herbalife Nutrition

Многу луѓе работат хонорарно за да го градат своето дистрибутерство, а други работат со полно работно време за да изградат сопствен бизнис. Зошто?

Еве неколку мотивирачки фактори:

  • Ги користеа и им се допаѓаa Herbalife Nutrition производите.
  • Со страст им даваа насоки и препораки на други луѓе.
  • Сфатија дека се одлични лидери и мотиватори.
  • Сакаа да им помогнат на повеќе луѓе да водат поздрав начин на живот.
  • Стануваат сам свој шеф.

Зошто мажите и жените толку многу сакаат да почнат сопствен бизнис?

Според писателката Олга Мизрахи, ова се главните причини:

*Можноста да бидат сам свој шеф.

*Можноста да имаат флексибилно работно време.

*Желбата сами да си избираат проекти и од каде да работат.

Овие мотивирачки фактори заедно стојат зад најголемата желба: поголема флексибилност и време за она што е важно.

„Кога првпат станав мајка, не бев сигурна како да продолжам да го водам бизнисот, а истовремено тоа да го балансирам со потребите на син ми. Флексибилноста што ја имам ми овозможува сама да си го организирам работното време и може да го носам син ми со мене во Нутриционистичкиот клуб. Највредната работа што ми ја дава бизнисот е слободата што ја имам да поминувам повеќе време со син ми.“ – Валентина Ехаварија, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Едно истражување што го спроведе Глобалниот институт „МекКинси“ покажува дека луѓето што водат сопствен бизнис се позадоволни од работата. Се чувствуваат помоќно, имаат поголема мотивација и вистински се заинтересирани за работата.

„Една од најважните животни одлуки што ја донесовме со сопругот беше кога одлучивме да имаме деца. Сакавме да бидеме семејство што поминува квалитетно време заедно. Тоа немаше да биде лесно ако немавме флексибилно работно време. Одлучивме да се фокусираме на она што ни е страст: исхрана, фитнес и позитивно влијание врз други луѓе.“ – Елијан Ернандез, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Имаат можност да ја следат својата страст

Според Entrepreneur.com, жените имаат тенденција да се насочуваат кон иницијативи во склоп на заедница, да се фокусираат на здравје, едукација и социјални услуги. На овој начин создаваат заедничка вредност, градат бизнис што создава вредности и за општеството.

„Од можноста да помогнеш некому со регулирање на телесната тежина, градење мускулна маса или општо подобро чувство и самодоверба сфатив дека ова е она што треба да го правам. Ова ми овозможи да остварувам дополнителен приход покрај приходот на сопругот, а притоа да работам хонорарно од дома.“ – Џули Контрерас, Herbalife Nutrition Дистрибутер.

Нашата деловна можност на Дистрибутерите им обезбедува алатки и ресурси за да ги водат своите клиенти на нивното патување кон подобра, поздрава верзија од самите себе. Со помош на обуката и материјалите од нашите стручњаци во компанијата, Дистрибутерите прават wellness анализи и планови за исхрана врз база на целите на клиентите.

„Имаме страст за фитнес, особено за танцување, и сакавме нашата работа да биде одраз на она што ни се допаѓа. Затоа, отворивме училиште за танцување и тоа ни беше главен извор на приход 4 години. Заедно со нашиот хонорарен Herbalife Nutrition бизнис ни овозможија флексибилност во секојдневното работење.“ – Сату Валимаку, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Имаат можност да прават позитивна разлика

Самото тоа што помагаш некому да води поздрав начин на живот има вредност. Но, од искуствата на неколку Дистрибутери видовме дека ова значи многу повеќе – живееш со цел, се бориш со причина, им помагаш на други луѓе да станат подобра верзија од самите себе.

Целта на многу од нашите Дистрибутери е да насочуваат и да поттикнуваат други луѓе да постигнат здрава телесна тежина преку индивидуализирана исхрана и вежбање. Социјалната поддршка поттикнува трајна промена.

„Искуството на мојата клиентка и пријателка Ејми е инспиративен пример за тоа што може да се постигне со тимска работа. Направивме план како да ја намали телесната тежина, се држевме до него, се фокусиравме на подобар избор на храна и поголема физичка активност. Таа ми е како сестра. Си помагаме една на друга во многу предизвици. По повеќе од две години пријателство, таа ја намали телесната тежина и постигна резултати.“ – Мелиса Локс, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Деловната можност на Herbalife Nutrition значи градење значајни лични релации меѓу Дистрибутерот и неговите клиенти. Неопходно е да се изгради доверба за да се постигне каква било лична трансформација.

„Сакам да градам релации со нашите клиенти, да им помагам да го пронајдат она што ги прави среќни. Сакам да им помагам да ја пронајдат својата смисла и да ги надминат сите пречки што ги спречуваат во тоа.“ – Рошел Бајерс, Herbalife Nutrition Дистрибутер

Добиваат менторство, деловна обука и ресурси

Според нашето глобално истражување, многу луѓе се двоумат дали да почнат бизнис поради недоволно знаење, искуство или обука. Entrepreneur.com додава и дека е помала веројатноста жените да ги истражат и прошират своите услуги зашто сметаат дека немаат соодветна обука, едукација, советодавни мрежи, менторства и програми во заедницата.

Најчесто проблемот за ова е пристапноста и практичноста. Каде можат мажите и жените да најдат ресурси за да изградат бизнис вештини?

Herbalife Nutrition е одлична почетна точка за претприемачизашто покрај маркетиншките и продажни алатки и настани за обука, нуди и модел на индивидуализирано менторство за независни Дистрибутери. Настаните за обука може да се користат и за поддршка на нови Дистрибутери што градат свој бизнис. Често ги усовршуваме и подобруваме јасните бизнис методи со цел да ги задоволиме потребите на клиентите што постојано се менуваат.

„Неизмерно сум благодарна за алатките и обуките што Herbalife Nutrition ми ги понуди за да почнам бизнис. Знаев дека треба да ги искористам и да создадам сопствен бренд со посветеност и напорна работа. Си поставив цел: да бидам Herbalife Nutrition лидер во мојата заедница. Да бидам најдобриот извор на информации за фитнес и исхрана. Се посветив на промени и на тоа јас да бидам промена.“ – Делфина Гонзалес, Herbalife Nutrition Дистрибутер

ОВДЕ може да прочитате повеќе за деловната можност на Herbalife Nutrition.

Автор: Иби Монтесино, постар потпретседател и генерален директор, Herbalife Nutrition

[button size=”medium” style=”primary” text=”ПРИДРУЖИ СЕ НА НАШИОТ ТИМ” link=”https://wellnessmk.com/rabota-biznis/” target=””]

[button size=”medium” style=”primary” text=”ПРИДРУЖИ СЕ НА НАШИОТ ТИМ” link=”https://wellnessmk.com/rabota-biznis/” target=””]

Related posts