Зошто појадокот е важен за вашето здравје и зошто е клучен оброк во денот ? Клучно е тој да биде правилен појадок.
Појадокот е навистина клучен оброк во денот. Кога клиентите нѐ прашуваат „Што да јадам за појадок?“, одговорот секогаш вклучува многу идеи и опции. Појадокот треба да биде урамнотежен, обезбедувајќи енергија и хранливи материи за успешен старт на денот. Правилен појадок е клучна здрава навика.
Во 10 минутно видео објаснуваме зошто е клучен оброк појадок, и што треба да содржи за да биде здрав и правилен појадок. За да го добиете видео советот, впишете своја емаил адреса во во следново поле, и го добивате веднаш на вашата емаил адреса.
Идеи за здрав појадок
Овесна каша
Овесот варен со млеко или растително млеко е одлична основа. Прелијте со свежо овошје, јаткасти плодови, и семиња за дополнителна вкусност и хранливост.
Грчки јогурт
Обичниот грчки јогурт е богат со протеини. Додадете свежо овошје и гранола или ореви за да го направите комплетен оброк.
Смути
Смути е брз и лесен начин да ги внесете сите потребни нутриенти. Користете замрзнато овошје, јогурт или млеко од растително потекло, и додајте една топка протеински прав.
Тост од авокадо
Тост од цело зрно со искршено авокадо е одличен избор. Посипете со сол и додадете пржено јајце или домат за дополнителен вкус.
Житарици од цели зрна
Чинија со житарки од цели зрна со млеко или растително млеко и свежо овошје е класичен и хранлив избор.
Омлет со зеленчук
Омлет со белки, спанаќ, печурки, и домати исечени на коцки, послужен со парче тост од цело зрно, е протеински оброк што ќе ве држи сити подолго.
Бурито за појадок
Обвивка од цели зрна исполнета со изматени јајца, црн грав, салса, и исечено авокадо е идеален појадок за оние кои сакаат нешто различно и заситувачко.
Придобивки од Herbalife избалансиран правилен појадок
Нашиот избор за појадок повеќе од 16 години е правилниот појадок на Herbalife – избалансиран оброк со алоја, чај и шејк. Причините зошто ние и нашите клиенти го обожаваме овој појадок се:
- Брзина: Појадокот е подготвен за само една минута.
- Вкус: Разновидноста на вкусови кои ги нуди Herbalife го прават секој појадок уживање.
- Квалитет: Сите производи се балансирани и обезбедуваат сè што му е потребно на телото, без непотребни состојки.
Заклучок
Изборот на здрав и избалансиран појадок може да направи голема разлика во вашиот ден. Без разлика дали преферирате традиционален оброк, смути или омлет, важно е да започнете со нутритивен богат – оптимален појадок кој ќе ви обезбеди енергија и фокус. Herbalife појадокот, пак, го прави утрото полесно и поздраво, обезбедувајќи ги сите потребни хранливи материи за ден исполнет со енергија.
Можеш да си нарачаш правилен појадок веднаш преку нашава веб страна – за цел месец.