Слабеење е дел од личниот развој

Да, слабеењето е поврзано со начинот на размислување и начинот на кој живееме, својот lifestyle. Како се однесуваме кон самите себе, колку ја разбираме храната што ја јадеме и колку ја почитуваме, и ред други детали. Во целината најважни се навиките. Да!

Можеш да ослабиш кога ќе се храниш со минимум потребни калории следејќи концепт на калориски дефицит, што значи консумирање помалку калории отколку што согоруваш преку дневната физичка активност и секојдневните телесни функции. Ова се 5 начини кои во комбинација со калориски дефицит можат да ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми:

Јадете урамнотежени оброци богати со нутриенти, балансирана храна

Вистината е тука – храната која ни ја дава природата (читај ја произведуваме) е сиромашна со нутриенти. Причините се стотици. Но, факт е дека јадеме многу калории богати со ое’ што не ни треба, а тоа што ни треба – речиси и да го нема. Јадењето на овошје, зеленчук, сирова храна, храна богата со безмасни протеини и здрави масти може да ни помогне да се чувствувате сити и задоволни додека го контролирате внесот на калории.

Редовно вежбање

Физичката активност ни помага да согоруваме калории, за да го забрзаме метаболизмот, да ја одржуваме па дури и зголемуваме мускулната маса. Така согоруваме повеќе калории дури и кога не вежбаме.

Следете го внесот на калории

За почеток, водете си евиденција на внесот на калории што ги консумирате секој ден и бидете сигурни дека внесувате помалку калории отколку што согорувате. Важна препорака: запишувајте и течна и тврда храна. Се’ освен водата и незасладени чаеви се калории.

Пијте многу вода

Пиењето вода може да ви помогне да се чувствувате сити и да спречите прејадување. Важно е да научите да пиете доволно но и правилно вода преку целиот ден. И во денови кога сте физички активни, и во денови кога сте помалку или не сте физички активни. И во денови со високи летни температури, и во посвежи денови.

Спијте доволно

Недостатокот на сон може да ги наруши вашите хормони и да доведе до зголемување на телесната тежина. Дајте си цел: седум до осум часа спиење секоја вечер. За почеток можеби звучи невозможна мисија, но дајте си време и уживајте во процесот на своја лична промена.

Намалете го стресот

Стресот може да доведе до прејадување и зголемување на телесната тежина. Утехата е често во фрижидерот. И ова е многу поврзано со тоа како функционира нашиот мозок. Обидете се да управувате со стресот преку техники за релаксација, медитација или други активности за намалување на стресот.

Важно е да се запамети дека слабеењето и особено задржувањето на резултатот кој ќе го постигнеме е постепен процес и бара доследност и трпение. Брзите поправки или диетите кои ко божем прават брзи резултати може да резултираат со краткорочно губење на тежината, но тие често не се одржливи и можат да бидат штетни за вашето здравје на долг рок. Знаете за јо-јо ефектот: губиш и враќап дупло 🙂

ФИТ МАРАТОН

Топла препорака од нас: вклучете се во групите од нашиот фит маратон. Проектот кој глобално прави револуција кај сите кои ќе го прифатат предизвикот на своја лична промена. Забавно е, возбудливо, инспиративно – да си дел од затворена група, заедница која има иста цел и заедно расте и напредува и постигнува резултати. Да! Тоа е пред се личен развој. Секоја група ја води наш искусен тренер, обучен и лиценциран за да сите учесници во процесот го постигнат посакуваното. Но пред се, да создадат нови навики со кои ќе живеат до крајот на животот – здраво, витално, со фит форма, со навики во кои ќе уживаат. И ќе ги пренесуваат на сите со кои го поминуваат својот живот – семејството, фамилијата, пријателите, коолегите, со сите што ги знаат и запознаваат.

Се прашуваш како да се вклучиш во група ? Едноставно е. Се што треба да направиш е да се пријавиш на овој линк. Веднаш те контактираме, добиваш кратко видео со сите информации за старт и следните твои чекори.

https://slabeenje.mk/prijava-za-fit-family-marathon/

Слабеењето е дел од сечиј живот. Уживање е да работиш на себе и нови навики и да уживаш во својата најдобра верзија.

Related posts