СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

3 чекори за брзо слабеење – сакаш брзо или правилно ? Сакаш најбрзо слабеење ?

Вечната желба на секоја жена, а се повеќе и на секој маж е брзо слабеење. Брзо слабеење е желбата, но не и целта, нели ? А поточно, тоа што правиме е брзо дебелеење. Да да, верувале или не, се што правиме за да ослабиме брзо, трагајќи по најбрзото решение, и правејќи како некој сајт напишал, препишал, допишал, комшиката направила, колешката или колегата, а при тоа од непознат извор-најчесто од непознат автор без медицински докази. Вистината е: ние брзо се дебелееме.

Тренд кој постои со години

Благодарејќи на нашите фанови на нашата страница Better Nutrition Beter Lifestyle, и преку 60 разговори во изминативе 2 недели, најмногу жени, донесовме 5 интересни заклучоци, кои ќе ви ги пренесеме во следниот наш блог пост. Да, се е исто како пред 5, 10, 15, 20 години. Трендот е тој: јадеме а не трошиме. И така по одредено време, сме здебелени. И трагаме брзо чаре за да ослабиме. Ама тоа е брзо. Ако може, додека дремеме попладне после работа.

Општ заклучок е дека сите трагаме по решение за најбрзо слабеење на стомак, диети за брзо слабеење, вежби за брзо слабеење, и се и сешто за брзо слабеење. За нас клучното прашање е, до кога ќе си играме игра во која секогаш сме губитници ? Бидејќи речиси секоја најпопуларна диета за слабеење, врвно експонирана на веб страниците, како што е UN диета (или популарно Обединети Нации диета – погрешно – унивразлна диета е правилното), или пак концептот на Хроно исхрана, и други, даваат резултати, но брзо си ги враќаме килограмите, си играме јо-јо, си враќаме бидејќи „се враќаме во мод на нормална исхрана“.

Што е тоа нормална исхрана ?

Нормално е тоа што секојдневно секој сам си го практикува. Да, тоа е нашето убедување. Сега нормално се хранам и имам +15 кг, и сега сакам диета за да ги намалам. Ајде уште еднаш, сега нормално се хранам, а сега сакам диета за да намалам. Нормалната исхрана значи јадење храна колку ни треба. Кога јадеме колку ни треба, нема да имаме вишок. Ненормално е да јадеме многу и да се дебелееме заради храната. Храната е енергија. Неискористена енергија е складирана енергија во сало.

Клучно е да разбереме како се создава вишокот сало-поткожни масни наслаги-килограми

Да, едуцираме и ќе едуцираме се додека е тоа потребно. А едукацијата е животен процес. Не е one-step way. Се сеќавате на изреката: Човекот се ужи додека е жив. Но, да си признаеме, не се едуцираме. Да да, ние само брзаме по брзо слабеење, по брза диета. Ќе фатиме некаде нешто напишано и го тераме тоа. И јас ги разбирам сите што го прават тоа, бидејќи очајно се во потрага по решение, решение за брзо слабеење. Но не е тоа чарето. Цел живот ли ќе слабееме ? Клучно е да разбереме како се дебелееме.

Нашиот тим тренери за исхрана ќе ти помогне да разбереш. Секако ако сакаш. и ќе ти објасниме се’. Ќе го пренесеме тоа што го знаеме од експерти за нутриционизам, за исхрана, од нашата пракса. И ќе го знаеш и ти. Тоа е нашата мисија: им помагаме на луѓето подобро да живеат подобрувајќи ги своите прехранбени навики.

Решение за брзо слабеење. Прочитај внимателно и направи го првиот чекор.

Најбрзото решение да почнеш сега, и да не се откажеш. И да разбереш дека тоа што си сега, ќе биде спомен за „фалење“ во годините што ќе доаѓаат. И никогаш повеќе нема да се вратиш на ова што си сега. Се што треба е да се подготвиш да промениш неколку твои навики, да одлучиш дека сакаш да се менуваш, и секако да учиш. Но со љубов, наспроти „мора“, со мачење, одрекување, патење.

Чекор 1


Прашањата ќе ти одземат 1-2 минути, а оставените контакт податоци ќе ги употребиме само за да ти помогнеме со совети и препораки. Ѕирни различни искуства од наши клиенти и пријатели со слабеење, .

Чекор 2

Штом ќе ги добиеме твоите одговори, те контактираме и ти даваме директни препораки за старт на твојата промена и целта која сакаш да ја постигнеш. Одлучуваш веднаш и почнуваш со програма и личен тренер за исхрана. Ќе имаш човек до тебе за сите прашања како што се: „што да јадам“, „дали ова со ова“, итн. Имаш coach – ментор – тренер, за поддршка, совет, препорака, за успех.

Чекор 3

Носиш одука: започнувам промени во навиките. Отворен/а сум за сите препораки од мојот тренер.
Твоето мото од сега е: од денес па натаму, ќе се хранам како што ќе научам и ќе го практувам секојдневно. Заради себе и своите околу себе.

Да расчистиме неколку дилеми:

  • Јадење на чоколадо и грицки, е ок. Луѓе сме, и бурек ќе лапнеме. И кока кола ќе се напиеме. И руска ќе изедеме, и пица, и хамбургер, и све што ни е омилен вкус. Но, не како досега, секојдневно, во големи количини. Еве за почеток, еднаш месечно може да се почастиш за резултатот со 300 гр. милка чоколадо 🙂
  • Кога сме на слава или роденден, и која и да е друга журка, па ќе јадеме тоа што е на маса. Па нормално!
  • Само „секта“ може да ти каже: ова смееш, ова не смееш! За нас, ти си го правиш својот избор што ќе јадеш. Битно: ќе научиш дека и отстапувања од принципите на правилна исхрана се дел од животот. Но, не и навика! Особено не: здрава навика. Најважно: тоа не е нормална исхрана.

И на крај, се прашуваш: „Ок, убаво го напишале текстов. И сега што да правам: јас?“

Твојот следен чекор е изработка на твој велнес профил. Се останато оставаме на тебе, твојата одлука. Твојата желба да си изгледаш добро, да се чувствуваш добро, да се храниш подобро, да имаш повеќе енергија, концентрација, да си зголемиш мускулче а да стопиш сало.

Одговорот на прашањето „Кое е решението за брзо слабеење?“ е едноставен: ти.
Ти си одлучил/а досега брзо да се здебелиш (за 2-3-5, можеби 10 години), и ти го знаеш одговорот на прашањето „Кое е решението за дебелеење?“, нели ?

Ние се обидовме да ти дадеме мотив за промена. За првиот чекор и уживај во промените, и во резултатот кој ќе го постигнеш.

ЗОШТО ДЕЛУВА НАШИОТ КОНЦЕПТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ КИЛОГРАМИ?

  1. , заедно ќе ги одредиме твоите цели. Тоа ќе ни помогне да креираме тактика за топењето на салото и намалување на твоите килограми, имајќи ги во предвид сите надворешни фактори кои може да имаат влијание во текот на процесот на слабеење.
  2. Ќе го почитуваме твојот вкус и омилените јадења. Твојата програма ќе биде во склад со она шо го јадеш. Можеш да задржиш и некои „недозволени јадења“ во умерени количини.
  3. Твојата програма малку ќе ги измени навиките во јадењето и истовремено ќе ги подобри. Малку по малку, капка по капка, до целта.
  4. Нашата програма ќе ти помогне да ја контролираш тежината откако ќе ја постигнеп посакуваната, а тоа ќе ти помогне да ја пронајдеш урамнотежената исхрана која ти одговара.
  5. За време на периодот на слабеење ќе те пратиме, по телефон, лично или преку email, за да ја прилагодиме твојата програма, во склад со контрола на тежината, твоите желби и отстапките што си спремен/на да ги направиш, и тоа онолку често колку што ќе биде потребно и колку што ти ќе посакаш, на начин кој тебе најмногу ти одговара. Како слабееш, така и потребите за калории се намалуваат, нели ?

Функционираме затоа што го пренесуваме врвното знаење за здрава исхрана, овозможено директно од најдобрите нутриционисти и доктори во светот. Знаеме како да те научиме и тебе да се храниш здраво, да живееш квалитетно.

Ова е еден од нашите блогови за слабеење – weight loss, диета за слабеење. Оваа категорија на текстови е поддршка и потсетник за клучни совети на сите наши клиенти во процесот на трансформација на своето тело и навиките во исхраната. А за нашите клиенти добиваат и ексклузивни совети на емаил.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

  • Cell Activе
    2,232 ден
  • Витамини и Минерали за Жени
    Витамини и минерали за жени
    1,363 ден
  • Herbal Aloe – алоја концентрат
    2,578 ден
  • Решение за холестерол – Beta heart®
    2,503 ден
  • Витамини и минерали за мажи
    Витамини и минерали за мажи
    1,363 ден
  • Oat Apple Fibre - растителни влакна во чаша
    Oat Apple Fiber – растителни влакна, овес и јаболко
    1,867 ден
  • Immune Booster освежителен напиток во чаша
    Immune booster
    1,160 ден
  • Протеински напиток во прав од Herbalife - висококвалитетен протеин
    Протеински напиток во прав PDM
    3,550 ден
  • Herbalifeline® Max капсули
    Herbalifeline® Max – Омега-3
    1,617 ден