Како да ги намалиме мастите во телото и како до здраво срце ?

Дознајте зошто контролата на тежината има големо значење за здравјето на срцето. Пренесуваме како може диетата за „здраво срце“ да е од корист и за контролата на тежината. Оваа диета помага во одржување на здрава телесна тежина. Прекумерната тежина е всушност преголема количина на поткожни масти во телото, т.н. сало. Тоа, особено во менопаузата, е еден од ризиците за срцевите заболувања.

Зошто прекумерните поткожни масти влијаат на здраво срце

Разнобојните овошја и зеленчуци се вистинскиот избор за јаглехидратите
Разнобојните овошја и зеленчуци се вистинскиот избор за јаглехидратите

Колку повеќете сте поголеми и потешки, толку срцето потешко работи. При зголемување на поткожните масти, телото треба да развие дополнителни крвни садови со цел да снабдува кислород и хранливи материи за масните клетки. Но, повеќе крвни садови значи и поголем обем на работа на срцето. За да може крвта да стигне со сите клетки, срцето мора да работи понапорно што во исто време предизвикува и покачување на крвниот притисок. На кој дел од телото се наоѓаат поткожните масти исто така прави разлика. Мастите кои се наоѓаат околу стомакот (ги нарекуваме и стомачни или висцерални масти), се разликуваат од масните наслаги во другите делови на телото.

Вишокот на масти кои се таложат околу и во внатрешноста на органите е повран со ризикот за срцеви заболувања – делумно, заради влијанија врз крвниот притисок и нивото на маснотии во крвотокот. Прекумерната тежина исто така може да влијае на зравјето на срцето на уште еден, индиректен начин.

Многу луѓе се жалат дека прекумерната тежина го отежнува или го прави неудобно вежбањето, што, се разбира, е важно за здравјето на срцето, потоа за контрола на тежината и општата добросостојба.

Диета и начин на живот за контрола на тежината и одржување на здравјето на срцето

Не е тајна дека здравата, добро балансирана диета е важна за добро здравје. Но, тоа подразбира јадење на вистинска храна – не прејадување – е клучно за контрола на тежината, што пак помага во промовирање на здравјето на срцето.

Протеини со малку маснотии

Протеините со малку маснотии се комбинација од протеини од растително и животинско потекло. Помагаат да се намали заситеноста на мастите, а во истовреме ја задоволува гладта. Исто така се малкукалорични. Растителни протеини не содржат холестерол, а морските плодови пак овозможуваат здрави масни киселини, Омега-3 масни киселини познати како EPA и DHA.

  • Разнобојните овошја и зеленчуци, и интегралните житарки, се вистинскиот извор на јаглехидрати. Тие се богати со хранливи материи, а содржат релативно малку калории, што ги прави најдобар избор за задоволување на дневните потреби за јаглехидрати. Количината на растителни влакна и вода, помага да постигнеме брзо ситост, и соодветно внесување на доволна дневна количина (пример растителни растворливи влакна во јаболка, овес и грав) потребна за одржување на пониско ниво на холестерол во крвта. И сето ова е вака додека се придржувате до диетата која содржи малку масти. Штом се фокусирате на овие добри извори на јаглехидрати, ќе јадете помала количина на храна која содржи помалку прости јаглехирати и рафинирани шеќери. А на овој начин штедиме и на калории.
  • Мали количини на масти, на пример во ореви, сурово маслиниво масло или неколку парчиња авокадо, мжат да го подобрат вкусот на храната и контрола на калориите во оброците. Контролираното внесување на мастите помага при контрола на калориите, протеините и јаглехидратите.

Вежбајте редовно

Кардио вежбите – вежбите кои го подобруваат дишењето и отчукувањата на срцето – се одлична поддршка за здравјето на срцето. Како и секој друг мускул, и срцето реагира позитивно на вежбањето. Се зајакнува, поефикасно е при пумпање крв и испорака на кислород до сите клетки во телото. Исто така, согоруваме калории додека вежбаме, што може и да помогне при слабеење и одржува на здрава телесна тежина.

Редовното вежбање исто така помага да се контролира крвниот притисок, а делува и на намалување на стресот.

Редовната проверка на крвниот притисок и нивото на стрес се важни за здравјето на срцето.

Ова е еден од нашите блогови за слабеење – weight loss, диета за слабеење. Оваа категорија на текстови е поддршка и потсетник за клучни совети на сите наши клиенти во процесот на трансформација на своето тело и навиките во исхраната. А за нашите клиенти добиваат и ексклузивни совети на емаил.

[title text=”Препорачани производи за здраво срце”]

Related posts